10 најдобри филмови со Сандра Булок – филмската миленичка на сите генерации

Bird Box (2018)

Кога мистериозна, натприродна сила ќе го десеткува населението, само едно е сигурно – ако ја видите со своите очи – умирате. Преживеаните мора да избегнуваат да се соочат лице в лице со ентитетот што има форма на нивните најлоши стравови. Една жена мора да ги спаси своите две деца.

The Heat (2013)

ФБИ агентка Сара Ешбурн доаѓа во Бостон за да открие ексклузивен наркобос. Но, пред да го реши случајот, таа мора да се справи со Малинс, детективка која игра по свои правила и е вистинска спротивност на Сара.

28 Days (2000)

Гвен Камингс, колумнистка која е зависна од алкохол, е испратена во центар за рехабилитација откако ќе доживее сообраќајна несреќа. Таа почнува да го преиспитува својот живот за време на нејзиното лекување.

Two Weeks Notice (2002)

Луси, успешна адвокатка, работи за згодниот и богат Џорџ Вејд. Сепак, таа станува уморна и одлучува да се откаже бидејќи тој ја третира како дадилка наместо да ги користи нејзините професионални вештини.

The Net (1995)

Кога Анџела Бенет, компјутерски програмер, ќе открие програма со владини тајни, таа ќе се најде во бегство од непознат непријател кој сака целосно да ја уништи.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg