Филмска сага од 3 филмови на Нетфликс во кои глуми омилената бунтовничка Миа Колучи

Луисана Лопилато ни е добропозната по нејзината улога како Миа Колучи во „Млади Бунтовници“, која беше одлична серија што за жал веќе не се емитува. Но, сепак некои од нашите омилени актери ја продолжија својата кариера и сега можеме да ги гледаме и во некои одлични филмови, па таква е ситуацијата и со Луисана...

filmska-saga-od-3-filmovi-na-netfliks-vo-koi-glumi-omilenata-buntovnichka-mia-koluchi-01.png

Ви недостига Миа? Ова е филмска сага од 3 филмови во кои таа глуми, а можете лесно да ги најдете на Нетфликс и треба да ги гледате според следниот редослед:

Perdida

Наставник од престижно училиште во Буенос Аирес оди на студиско патување со петмина негови ученици, но се враќа само со четворица бидејќи еден од нив мистериозно исчезнува, односно пријателката на Пипа (Луисана Лопилато) од детството.

Неколку години подоцна, Пипа станува полицајка и решава да го истражи мистериозното исчезнување на нејзината пријателка, но набрзо открива дека нејзиниот живот е во опасност. 

La corazonada

По завршувањето на полициската академија, Пипа ја унапредуваат и таа ја започнува својата кариера како таен агент. Заедно со Франциско Хуанез (Хоакин Фуриел), контроверзниот инспектор на одделот за убиства, Пипа ќе треба да се обиде да го реши насилното убиство на 19-годишна девојка чиј главен осомничен е најдобриот пријател на жртвата.

Pipa

Во овој филм Пипа веќе е пензионирана детективка која неколку години живее во мало гратче во северна Аргентина со својот син. Но, злосторството на Саманта Соса, жена која се појави изгорена среде планина, повторно ја турка да се вклучи во истрагата за да се обиде да ги разјасни фактите.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg