Книжевни препораки од Петар Андоновски

Додека го чекаме новиот роман на Петар Андоновски насловен како Страв од варвари, уживајте во неговите претходни прозни остварувања: Телото во кое треба да се живее, добитник на наградата Роман на година на Утрински весник за 2015 година и Очи со боја на чевли во издание на „Или-Или“.

knizevni preporaki od petar andonovski 2

Во продолжение следува листа на три книжевни препораки од страна на Петар Андоновски:

Лисица од Дубравка Угрешиќ

Што е книжевноста денеска, која е нејзината улога, која е улогата на писателот, дали сè уште можат да се раскажуваат приказни, се дел од прашањата  кои овој роман ги поставува. Лисица е роман за пишувањето и писателите, оние чии приказни ги менуваат читателите.

 knizevni preporaki od petar andonovski 5

Нешто ќе се случи, ќе видиш од Христос Иконому

Нешто ќе се случи, ќе видиш е збирка раскази за обесправената грчка работничка класа, луѓе кои живеат на периферија на Атина, во сиромашните делови кои не се споменуваат во туристичките водичи.

Хероите на Иконому се работници и нивните семејства, пензионери, работници кои безнадежно чекаат плата, млади парови, гладни деца. Иконому во своите раскази обработува теми кои се скриени под површината. Книгата Нешто ќе се случи, ќе видиш се смета за книжевен симбол на грчката криза.

knizevni-preporaki-od-petar-andonovski-2-2.jpg

Успиј ме од Лејла Слимани

Романот на Лејла Слимани навлегува во односите изградени врз личната и статусната доминација, на француската моќ, низ сите оние класни, расни, полови предрасуди кои никаква политичка коректност не може да ги искорени.

knizevni-preporaki-od-petar-andonovski-2-3.jpg

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
3 лесни љубовни романи од Џорџија Кејтс, одлични за на плажа Трилогијата „Убавина“ на авторката Џорџија Кејтс е идеално четиво за на плажа. К...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
3 одлични романи од македонски автори (за вистински љубители на книгите) Трогателни приказни со херои кои живеат на нашите простори. Приказни инспирирани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg