5 работи кои не сте ги знаеле за париското денс-поп дуо Ofenbach


5 работи кои не сте ги знаеле за париското денс-поп дуо Ofenbach

Дориан Ло и Сезар де Румел, познати како Ofenbach, се едни од најпопуларните нови артисти од Франција, кои оваа година за прв пат ќе имаме прилика да ги слушнеме во живо и тоа како хедлајнери на претстојниот Д Фестивал во Дојран.

5 raboti koi ne ste gi znaele za pareskoto dance pop duo ofenbach 3

Нивната музичка одисеја започна во 2014 година, по влегување на светот во дип хаус музиката. По објавување на песните „Around the Fire“, која беше дел од Crosswalk, Vol 1 компилација и „You Do Not Know Me“, париското денс-поп дуо доби голема поддршка од големите имиња како Робин Шулц и Тиесто.

Нивната популарност се зголеми и со миксањето на песните на Боб Синклер, Џејмс Беј, а хит со најмногу прегледи им е токму „Katchi“, соработка со Р&Б, блуз и соул ѕвездата Ник Вотерхаус.

Музичкото дуо чии траки се богати со опуштени и богати вибрации беа номинирани за „Најдобар нов талент“ од DJ Mag во Франција, а беа дел и од плејлистата на „Најдобри нови таленти од Франција“ на Spotify за 2017 година.

Во пресрет на нивната прва средба со македонската публика, во продолжение ја споделуваме со вас листата на интересни работи што не сте ги знаеле за Ofenbach.

1. Дориан и Сезар се големи фанови на Wallace & Gromit.

2. За себе велат дека ги прават најлошите шеги во светот.

3. Француското дуо сака забавни паркови.

4. На времето Дориан му предложил на Сезар да направат бенд за да „бркаат“ девојки

5. Кога биле помали, правеле кратки видеа со „стоп-моушн“ техниката.

5 raboti koi ne ste gi znaele za pareskoto dance pop duo ofenbach 1

Настапот на Ofenbach ќе се одржи на 12-ти јули, на главната сцена на Д Фестивал каде што покрај нив гостуваат и голем број музички ѕвезди како Noisia, Mahmut Orhan, Hindi Zahra, Tom Novy, Akua Naru, Napalm Death, Кирил Џајковски, Влатко Стефановски, Суперхикс, Страјк, Vojko V, Captain Hook и уште многу други кои ќе настапат од 12-ти до 14-ти јули во Дојран.

 Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Северина ја објави најемотивната балада досега - посветена на нејзинио... За новиот хит на Северина, „Rođeno moje“, нејзините соработници велат дека ...
Како песните стануваат популарни во светот и покрај лошите текстови? Велат дека кичот постои откога постои и уметноста. Некои сметаат дека кичот е де...
Зошто е денешната поп музика толку лоша? Појавата и ширењето на т.н популарна музика во средината на минатиот век го смен...