Забава под врвот на Солунска Глава

zabava-pod-vrvot-na-solunska-glava-povekjeТрадиционално од 15 до 17 Јуни 2012, во организација на Планинарскиот клуб Македон, ќе се одржи забава на Бегово Поле под врвот Солунска Глава.


Ова е прекрасна можност за сите оние кои сакаат еден викенд да поминат во природа, рекреација и дружење.

Во програмата е предвидено тргнување во петок (15 јуни) од пред железничката станица - Скопје во 17:00 часот со организиран превоз до планинарскиот дом Караџица, каде сместувањето е во самиот дом и во шатори обезбедени од организаторот. За сабота планирано е факултативно искачување на врвот Солунска Глава, велосипедска трка (само за тие што се пријавени) од Бегово Поле до Солунска глава, како и главниот настан - незаборавна забава со рок бенд на Бегово Поле (2000 мнв.).

По враќањето назад во домот следи планинарско гравче за ручек, а вечерта повторно забава и дружење во планинарскиот дом Караџица и следење на натпреварите од ЕУРО 2012 на платно. Недела е предвидена за кратки прошетки и поаѓање кон Скопје околу 13:30 часот. Цената за комплетниот викенд е 1200 денари со сместување во дом, како и 800 денари со сместување во шаторскиот кампус (вреќи и подметачи обезбедени од организаторот).

Информации на www.makedon.mk, FB page http://www.facebook.com/pkmakedon и 070/398-368 Бојан, 070/390-540 Алек

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg