Мермерен Комбинат добитник на Националната награда за безбедност и здравје при работа

Македонското здружение за заштита при работа му ја додели на Мермерен Комбинат Прилеп Националната награда за добра пракса за безбедност и здравје при работа за 2013 година.

mermeren-kombinat-dobitnik-na-nacionalnata-nagrada-za-bezbednost-i-zdravje-pri-rabota-01

Наградата беше доделена денес на настанот по повод одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа од страна на Меѓународната организација на трудот - Канцеларија Скопје, Македонското здружение за заштита при работа и ILO/CIS Координативниот центар.

Националната награда за Мермерен Комбинат е во категорија на големи претпријатија.

‚‚Оваа награда е од исклучителна важност за нашата компанија. Таа е признание за заедничкото залагање на менаџментот и вработените за обезбедување највисоки безбедносни стандарди при работа. Настојуваме не се само да ги исполниме условите и стандардите за безбедност и здравје при работа поставени од страна на законот, туку истите и да ги надминеме.  Покрај останатото со цел да обезбедиме највиски безбедносни стандарди за нашите вработени, постојано инвестираме во нова опрема која обезбедува подобри услови во однос на  контрола врз бучавата, прашината, вибрациите и физичкиот напор. Компанијата несебично вложува и во континуирана обука на вработените со цел општ развој и подигање на свеста за безбедноста.  Безбедноста на нашите вработени и понатаму останува наш приоритет број еден.‚‚ – изјави Јасна Ажиевска Петрушева - Aдминистративен извршен директор на Мермерен Комбинат по повод врачувањето на наградате.

mermeren-kombinat-dobitnik-na-nacionalnata-nagrada-za-bezbednost-i-zdravje-pri-rabota-02

Мермерен Комбинат АД Прилеп, е глобален лидер во екстракција и преработка на снежно белиот мермер Сивец® . Формиран е во 1946 година и оттогаш дејност му е  експлоатација и преработка на Сивец® кој е регистрирана трговска марка на ситно-грануларен доломитски мермер кој се вади од каменоломите на компанијата, во близина на Прилеп.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg