Вечерва на Охридско Лето: Алена Баева – виолина и Вадим Колоденко – пијано, Русија

Црква Св.Софија
20.07.2018
21:00 ч.

vecerva-na-ohridsko-leto-alena-baeva-violina-i-vadim-kolodenko-pijano-rusija-001.jpg

Вечерва во Св. Софија, како дел од официјалната програма на Охридско Лето, ќе настапи Алена Баева во светот е позната како една од најдобрите виолинисти на својата генерација, заедно со Вадим Колоденко, еден од музички најдраматичните и технички најнадарените изведувачи на новата генерација пијанисти, двајцата од Русија.

Баева е млада виолинистка која веќе има изградено импресивна кариера, соработувајќи редовно со светски најпознатите оркестри и диригенти. Нејзиниот репертоар е разновиден и постојано се проширува, а покрај веќе добро познатите дела, таа често во своите концертни програми вметнува и помалку познати дела од литературата за виолина.

Вадим Колоденко е добитник на Златниот медал на Интернационалниот пијано натпревар „Ван Клибурн“ во 2013 година,а низ годините соработувал со голем број истакнати диригенти, оркестри и изведувачи. Има богата дискографија, а еден од најзначајните компакт-дискови е оној со Оркестарот на Норвешкото радио издаден во 2015 година, кој е награден со познатата „Editor’s Choice“ награда.

Македонски Телеком ви посакува пријатни, летни вечери на Охридско Лето.

vecerva-na-ohridsko-leto-alena-baeva-violina-i-vadim-kolodenko-pijano-rusija-porograma-01.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg