Вечерва на Охридско Лето: Театарска претстава „Во Агонија“ од Мирослав Крлежа

vecerva-na-ohridsko-leto-teatarska-pretstava-vo-agonija-od-miroslav-krlezha-001.jpg

Предворје на црква Св.Софија
14.08.2018
21:00 ч.

Во рамките на програмата на Охридско Лето, оваа вечер во предворјето на црквата Св. Софија ќе се одржи театарската претстава „Во Агонија” од Мирослав Крлежа, во изведба на Нела Кочиш во улогата на Лаура Ленбахова, Озрен Грабариќ во улогата на Иван племенитиот Крижовец, и Дарко Стазиќ во улогата на Барон Ленбах.

Славната драма на Крлежа, дел од трилогијата за Глембаеви, е поставена како жесток судир на тројца луѓе. Во фокусот на безвременската приказна за љубовниот триаголник и подемите и падовите во општеството, се наоѓаат сензитивната и разочарана Лаура Ленбахова, која храбро ја поднесува имотната и општествената деградација работејќи во својот кројачки салон и служејќи ги муштериите, нејзиниот интимен пријател, адвокатот д -р Иван пл. Крижовец, кој успеал да се снајде во новонастанатите општествени ситуации и мажот на Лаура, пијаница и коцкар, бивши коњанички потполковник и бивши затвореник баронот Ленбах.

”Крлежа е класичар.  Претставата  „Во агонија” е играна на сите сцени на Хрватска, а со тоа нашиот предизвик и одговорност беа уште поголеми, да се создаде нешто ново и поинакво од предлогот кој толку пати е режиран. Ние експериментираме, истражуваме, настојувавме да создадеме претстава кој нема да биде само убава интонација и совршено изговорени реченици на Крлежа без емотивно покритие. Нашата цел беше да создадеме возбудлива, жива, драматична претстава што ќе биде поинаква, но сепак ќе остане на Крлежа “.

Нела Кочиш

Македонски Телеком ви посакува пријатни, летни вечери на Охридско Лето!

*Напомена: Претставата не се препорачува за публика под 18 години

vecerva-na-ohridsko-leto-teatarska-pretstava-vo-agonija-od-miroslav-krlezha-2.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg