Вечерва на Охридско Лето: Елвис Руди – флејта, Албанија и Марин Ѓолма – пијано, Албанија

vecherva-na-ohridsko-leto-elvis-rudi-flejta-albanija-i-marin-gjolma-pijano-albanija-01.png

Црква Св.Софија                     
15.08.2018                                                          
21:00 ч.                                                               

Во рамките на програмата на Охридско Лето, оваа вечер во црквата Св. Софија ќе се одржи концерт на албанските уметници Елвис Руди – флејта и Марин Ѓолма – пијано. На репертоарот ќе се свират дела од Сонатата за флејта бр.2 на Филип Гобер, Големата концертна соната оп.85 на Фридрих Кулау и Сонатината за флејта и пијано на Пјер Санкан.

Формирањето на првата класа на флејтисти во Албанија била резултат на голема волја и напорна работа на оние кои биле професори на тогашниот уметнички „лицеум“ (вид на средно уметничко образование).

Ова е и времето кога Елвис Руди започнува да го изучува инструментот флејта под менторство на Мирела Селеница и Исуф Спахиу. Своите студии ги завршува на Универзитетот за музика во Букурешт, кај професорот Виргил Франк, по што се враќа во Тирана, каде започнува да работи како асистент-предавач на Академијата за уметности. Подоцна оваа институција е преименувана во Универзитет за уметности, а титулата на Руди прераснува во асистент-професор. Деветмесечната стипендија од Конзерваториумот во Париз му овозможува усовршување со Пјер Ив Артод и Софи Шериер. Во текот на овие години, значаен е неговиот придонес во интерпретацијата и промоцијата на албанската современа музика.

Марин Ѓолма своите додипломски, постдипломски и докторски студии ги завршува на Универзитетот за музика во Карлсрух, Германија, под менторство на познатата бразилска пијанистка Фани Солтер. По ова следи неговото усовршување на мајсторски курсеви кај познати професори и музичари. На полето на камерната музика соработувал со еминентни артисти, меѓу кои и Мартин Остертаг, како и бројни оркестри. Од 1996 до 2018 година, одржува серија концерти во Албанија и Германија, а исто така учествува и на значајни интернационални фестивали, како „Јанис Папајоану“ во Грција, „Алегрето Албанија“, фестивалот „Различни возови“ во Тирана, фестивалот на камерна музика „Чембер фест“ во Драч и други. Добитник е на повеќе награди на национални и интернационални натпревари по пијано од 1998 до 2011 година.

Македонски Телеком ви посакува пријатни, летни вечери на Охридско Лето!

vecherva-na-ohridsko-leto-elvis-rudi-flejta-albanija-i-marin-gjolma-pijano-albanija-02.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg