Вечерва на Охридско Лето: „Божествениот звук на бамбусовата флејта и Ксиао“

vecherva-na-ohridsko-leto-bozhestveniot-zvuk-na-bambusovata-flejta-i-ksiao-01.png

Црква Св.Софија
18.08.2018
21:00 ч

Во рамките на програмата на Охридско Лето, оваа вечер во црквата Св. Софија ќе настапи кинескиот оркестар на бамбусова флејта, со концертот под наслов „Божествениот звук на бамбусовата флејта и Ксиао“.

Основан од еден од интернационално најпознатите професионалци за кинеска традиционална музика, познат свирач на т.н. „бамбусова флејта“ – Жанг Веилианг, Кинескиот оркестар на бамбусови флејти е првиот од ваков вид во светот. Функционира како дел од Кинескиот конзерваториум за музика во Пекинг, кој претставува највисок конзерваториум за традиционални кинески инструменти, а создаден е со цел да се постигне подобар развој на изведувачките способности на бамбусовите флејтисти. Овој инструмент е оддамна познат во кинеската музика. Уште од античко време тој се користел во традиционалната кинеска опера, но и во кинеските оркестри. Покрај промоцијата, како на инструментот, така и на кинеската традиционална музика, оркестарот има голема улога и во збогатувањето на музичката литература за бамбусовата флејта, поттикнувајќи ги композиторите и изведувачите да компонираат музика за потребите на оркестарот. Па така, на репертоарот се среќаваат оригинални дела на голем број значајни кинески композитори, а постојано расте и бројот на композитори од другите земји кои компонираат токму за овој инструмент. Повеќето од членовите на оркестарот се млади професори од конзерваториумот, добитници на многубројни награди и признанија.

Македонски Телеком ви посакува пријатни, летни вечери на Охридско Лето!

vecherva-na-ohridsko-leto-bozhestveniot-zvuk-na-bambusovata-flejta-i-ksiao-02.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg