Телескопот WISE открил жешки галаксии скриени со прашина

teleskopot-wise-otkril-zeski-galaksii-skrieni-so-prasina

Инфрацрвениот вселенски телескоп WISE на американската агенција за вселенски истражувања NASA, открил околу илјада жешки сокриени од прашина објекти познати и како DOG-ови, кои може да претставуваат алката што недостига во еволуцијата на галаксиите.

Пребарувајќи го целиот небесен свод, телескоп Wide-field Infrared Survey Explorer (WISE) открил илјада извонредно жешки објекти од кои некои сјаат со светлина 100 билиони посилна од светлината на ѕвездите како што е на пример Сонцето.

Тие галаксии, меѓутоа, поради облакот прашина досега биле сокриени од моќноста на телескопите, а благодарејќи на инфрацрвеното „око“ на WISE, научници првпат можат да видат некои од најсјајните вселенски објекти, пренесува BBC.

Овие објекти се ретки, во сооднос од околу еден на 100 илјади извори на светлина, и тешко се пронаоѓаат, имајќи предвид дека поголемиот дел од енергијата што ја сјаат останува сокриена од космичката прашина.

Астрономите веруваат дека ткн DOG-ови може да претставуваат преоден облик меѓу галаксија во облик на диск, како што е нашата Млечниот пат, и елипсовидните галаксии.

Повеќето жешки галаксии кои ги пронашол WISE се стари околу 10 милијарди години, што значи дека настанале во периодот на ткн рана Вселена, забележуваат експертите за Reuters.

Инфрацрвениот вселенски телескоп, исто така, се покажал  и како успешен „ловец“ на ткн црни дупки, коишто ги детектирал во текот на својата повеќегодишна мисија и супермасивните црни дупки.

„Ги имаме (црните дупки - з.р.)..., WISE ги пронаоѓа низ целото небо“, вели Даниел Стерн од лабораторијата et Propulsion Laboratory (JPL) на американската вселенска агенција.

Податоците од WISE им се потребни на научниците за да имаа подобар увид во проблемот на формирањето на галаксиите и црните дупки.

30.08.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg