Календар на сите полни месечини во 2019-та година и нивните имиња

Полната месечина е непогрешлив небесен настан кој ја озрачува Земјата со својата лунарна светлина, инспирирајќи пејачи, научници и по некој врколак. Низ човечката историја, месечевите фази ги сигнализирале промените во сезоната и ги означувале важните културолошки транзиции, како садење или ловење.

kalendar-na-site-polni-mesecini-vo-2019-ta-i-nivnite-iminja-01.jpeg

Древните имиња на полната месечина често потекнувале од индијанските племиња, а имињата најчесто симболизирале нешто за временската состојба или природата во периодот кога месечината најверојатно ќе се појавела.

Европските доселеници ги прифатиле овие имиња и додале некои нивни. Други култури имаат нивни имиња за месечината.

Во оние ноќи, кога месечината е полна и нема облаци, нашиот природен сателит рефлектира сончева светлина и ја осветлува Земјата.

Полната месечина се појавува на отприлика 29,5 денови. Втората месечина во месецот е најчесто позната како сина месечина.

Месечев календар за 2019-та година

Во продолжение погледнете некои од најчестите имиња за полната месечина во северната хемисфера. До нив се наоѓаат други називи за истата месечина, како и датумот кога се појавуваат.

21-ви јануари: Волчја месечина (Стара месечина, Месечина после Јул)

Кога јануарските мразови почнуваат да попуштаат, гладните волци почнуваат да бараат плен. Нивното осамено завивање го инспирирало името на оваа месечина.

19-ти февруари: Снежна месечина (Месечина на гладните)

Во Северна Америка, февруари е снежен и суров месец. Исто така ова е период кога храната е потешка за наоѓање во дивината.

20-ти март: Црвја месечина (Месечина врана)

Како што минуваат февруарските мразови, ветровите во март ја затоплуваат земјата, а црвите почнуваат да излегуваат од нивните зимски засолништа.

19-ти април: Розова месечина (Тревна месечина)

Индијанците забележале дека околу априлската полна месечина расцветуваат розови диви цветови.

18-ти мај: Цветна месечина (Млечна месечина)

Дождовите во април се причина за цветовите во мај. Па, мај е вистински период на оживување низ Северна Америка.

17-ти јуни: Месечина јагода (Цветна месечина)

Доколку навистина сакате јагоди, ги садите видовите што раѓаат во јуни. Кога јунската сончева светлина ја топли земјата, вашите овошки ќе созреат под полната јунска месечина.

kalendar-na-site-polni-mesecini-vo-2019-ta-i-nivnite-iminja-02.jpg

16-ти јули: Еленска месечината

Секоја година, елените почнуваат наново да ги растат своите рогови околу јули. Еленската месечина го обележува овој настан.

15-ти август: Есетра месечина

Во Северна Америка, рибата есетра станува побројна и полесна за ловење во август, па оттаму и името на месечината.

14-ти септември: Жетварска месечина (Овошна месечина)

Како што минува летото, времето заладува и деновите стануваат пократки.

13-ти октомври: Ловечка месечина

После богатото лето, животните во Северна Америка се во одлична состојба. Традиционално, ова е најдобриот период за ловците да се вратат на полето.

12-ти ноември: Баварска месечина (Замрзната месечина)

Баварите постепено ги подготвуваат нивните брани за зима, а ловците се обидуваат да ги фатат.

12-ти декември: Студена месечина

Студеното време го одредило и името на полната месечина во декември.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg