Маршалски Острови се 10 пати порадиоактивни од Чернобил

Знаевте ли дека некои од Маршалските Острови во Тихиот Океан се порадиоактивни од Чернобил и Фукушима? Интересното е што овде се тестирале радиоактивни оружја пред дури 60 години, но радијацијата не се намалила.

marshalski-ostrovi-mesto-10-pati-poradioaktivno-od-chernobil-001.jpg

Тим истражувачи ја тестирале почвата на островите барајќи плутониум-239 и -240 и откриле дека нивното ниво е од 10 до 1.000 пати повисоко од она во Фукушима и околу 10 пати повисоко од исклучената зона во Чернобил.

Истражувачите зеле само мал дел примероци, што значи дека е потребно пообемно истражување.

Сепак, биле изненадени поради тоа што ниту владините ниту интернационалните организации немале никакви водичи за дозволеното ниво на плутониум во почвата, иако овдешното ниво било значително високо.

marhsalski-ostrovi-mesto-10-pati-poradioaktivno-od-chernobil-02.jpg

Тестирање бомби

После бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки во 1945-та година, од САД решиле да тестираат и други радиоактивни оружја. Некои од овие тестови биле изведени на Маршалските острови – ланец острови помеѓу Хаваите и Филипините.

Првите две бомби, наречени Ејбл и Бејкер, биле тестирани во 1946-та година и започнале 12-годишен период на тестирање. За ова време биле тестирани 67 нуклеарни оружја.

Најпрвиот тест за хидрогенска бомба бил во 1951-ва година. Била тестирана бомбата Castle Bravo која била 1.000 пати помоќна од бомбата фрлена во Хирошима.

marshalski-ostrovi-mesto-10-pati-poradioaktivno-od-chernobil-002.jpg

Тестирањата што се одвивале на еден дел од островите не само што ја загадиле тамошната површина, туку им наштетиле и на луѓето кои живееле на другите Маршалски Острови.

Во 2016-та година, тим научници објавил извештај за гама зрачењето на три од Маршалските Острови и се покажало дека нивото на радијација било повисоко отколку што се мислело. Поради ова, решиле да направат подетални испитувања.

marhsalski-ostrovi-mesto-10-pati-poradioaktivno-od-chernobil-03.jpg

Дополнителни последици

На 15-ти јули оваа година, тимот објавил уште 3 извештаи за 4 атоли – Бикини, Ронгелап, Утирик и Еневетак. Нивото на гама зрачење било значително зголемено на Бикини, Еневетак и Ронгелап атолите во споредба со јужните Маршалски Острови, кои се користеле за споредба.

Имено, нивото на Бикини ја надминувало дозволената граница на која се согласиле САД и Републиката на Маршалските острови во 1990-тите.

marhsalski-ostrovi-mesto-10-pati-poradioaktivno-od-chernobil-04.jpg

За вториот извештај научниците соработувале со професионални нуркачи, кои собрале 130 примероци од почвата во кратер на Бикини атолот.

Нивото на некои изотопи било значително повисоко за разлика од другите делови на островите. Овие наоди се важни бидејќи мерењето на радиоактивното загадување во кратерот е првиот чекор кон откривање на влијанието на нуклеарните оружја врз океанскиот екосистем.

За третиот извештај, научниците проучувале над 200 видови овошки од 11 острови од горенаведените атоли. Се покажало дека и нивното ниво на радијација е значително повисоко од безбедносната граница.

marhsalski-ostrovi-mesto-10-pati-poradioaktivno-od-chernobil-05.jpg

Потребни се уште истражувања и обиди да се едуцираат тамошните жители за овие опаности. Покрај тоа, овие и идните истражувања би требало да покажат дали островите се безбедни за живот и одгледување храна.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...
Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg