Конечно знаеме како изгледаат близнаците на Бијонсе и Џеј Зи (фото)
- Детали
- понеделник, 13 ноември 2017
Прекрасните близначиња на Бијонсе и Џеј Зи се за првпат забележани во јавност по нивното раѓање во јуни.
5-месечните Руми и Сер Картер се фотографирани со Бијонсе за време на семејниот одмор во Мајами.
Прекрасната мајка на дел од фотките го држи во раце Сер, а Руми пак, ужива во прегратката на нејзината баба, Тина Ноулс, а подоцна е фотографирана и со другата баба, мајката на Џеј Зи.
Големата сестричка, Блу Ајви, е исто така со нив, но таа времето изгледа повеќе го поминува со нејзиниот татко, Џеј Зи, додека Бијонсе и бабите се грижат за близнаците.
Ова се први фотки од семејството на куп, заедно со близнаците Руми и Сер и изгледа дека сите си поминуваат прекрасно на семејниот одмор:
М. М. | Црнобело