Љубовни лекции од Џеј Ло: 3 грешки кои не треба да ги повторувате во врските
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Продавач 24-04-2018
Пекар 24-04-2018


Љубовни лекции од Џеј Ло: 3 грешки кои не треба да ги повторувате во врските

Џенифер Лопез вели дека е вистинска романтичарка, која никогаш не ја губи верата во љубовта. Во моментот, таа ужива во прегратките на шармантниот Алекс Родригез. Зад себе, пак, има три пропаднати бракови и повеќе неуспешни врски.

ljubovni-lekcii-od-dzej-lo-3-greshki-koi-ne-treba-da-gi-povtoruvate-vo-vrskite-1.jpg

Сепак, таа не се срами од љубовните грешки кои ги направила во животот.  Напротив – за нив неретко и отворено говори.

Во продолжение, прочитајте кои се трите класични женски љубовни грешки, што и се поткраднуваат и на латино дивата:

1. Ги игнорира знаците кои покажуваат дека во врската постои проблем.

Склоноста кон коцкањето на актерот Бен Афлек, беше една од причините за прекинот на нивната врска. На почетокот, Џенифер му ги толерирала честите посети на казината, па дури и го придружувала на покер турнирите. Многумина се обидувале да ѝ укажат дека неговото хоби всушност е проблем, но таа не сфаќала:

„Сите видоа дека грешам. Влетувам во врска, ќе се затрескам и тогаш ги игнорирам сите знаци. Но, многу од нас ја прават истата грешка. Секојпат кога нештата ќе тргнат во погрешен правец, тешко ми е. Премногу сум повредена, но морам да се запрашам каде сум згрешила и што можам да научам од целата ситуација. А, без оглед на тоа колку ми е тешко, сакам да верувам дека можам да отидам едно скалило погоре. Мора да верувате дека еден ден ќе го пронајдете вистинскиот.“

ljubovni-lekcii-od-dzej-lo-3-greshki-koi-ne-treba-da-gi-povtoruvate-vo-vrskite-2.jpg

2. Пребрзо влегува во нови врски.

Како и многу други жени, Џенифер брзо и лесно се препушта на новата љубов, не давајќи си време да ја преболи старата. По само неколку седмици од раскинувањето со Бен Афлек, во нејзиниот живот влезе пејачот Марк Ентони. Почнаа да работат на заедничка песна, а деловната соработка и пријателството брзо прераснаа во нешто повеќе. Латино ѕвездата признава дека на почетокот мислела дека тоа е судбина и знак дека никогаш не ни требала да биде со Бен:

„Во суштина, не сакав да бидам сама, па му допуштив да ме заведе. Паднав во неговите раце, верувајќи дека тој е мојот витез што ќе ме спаси. Имав чувство како срцето да ми е искорнато од градите. Во таквите мигови, луѓето прават сешто за да си ја ублажат болката. Јас побарав утеха во друга личност. Се обидував да пронајдам некој покрај кого ќе се чувствувам сакано и посакувано. А, Марк зрачеше со сигурност. Се појави во моментот кога бев сосема изгубена, скршена и осамена. Освен брилијантен пејач и уметник, тој беше и топол и духовит човек, па направи да се почувствувам посебно.“

ljubovni-lekcii-od-dzej-lo-3-greshki-koi-ne-treba-da-gi-povtoruvate-vo-vrskite-3.jpg

3. Предолго се задржува во врска што не ја прави среќна.

За распадот на бракот со Марк Ентони, пак, има изјавено дека го смета за нејзин најголем животен неуспех. Џенифер признава дека предолго и по секоја цена се обидувала да го спаси од пропаст, затоа што сакала да го оствари својот сон за совршено семејство. Меѓутоа, проблемите кои таа долго време ги игнорирала, на крај сепак надвладеале над љубовта што ја чувствувале еден кон друг:

„Издржавме седум години заедно, но од уште од многу порано знаев дека тоа не е она вистинското. Односот помеѓу нас никогаш не беше совршен, а бракoт не ни беше од тие што имаат мирен тек. Од почетокот беше турбулентно, страствено, експлозивно. Во тоа време, имав чувство како малку да се изгубив, обидувајќи се да го одржам бракот. Веќе двапати бев разведена и не сакав и овој брак да ми биде неуспешен. Го внесов цело свое срце и душа во него, но заборавив на себеси. Кога бракот се заврши, не ми беше лесно. Тоа не беше сонот на кој се надевав. Лесно ќе беше да се потклекне пред горчината, разочараноста и лутината. Но, Марк е татко на моите деца и тоа никогаш нема да се промени. Затоа, мора да работиме на тоа нашиот однос да биде добар.“

ljubovni-lekcii-od-dzej-lo-3-greshki-koi-ne-treba-da-gi-povtoruvate-vo-vrskite-4.jpg

А, која е нејзината најголема љубовна лекција?

Џенифер смета дека добрата врска не е прашање на случајност, туку на работа:

„Интересно ми е што луѓето никогаш не зборуваат за тоа колку треба да се работи на врската. Како што работите и на сè друго. Претерано сме посветени на кариерата и јас лично немам ништо против, ама треба многу труд да се вложува и за врската или бракот да бидат успешни. Тоа не е лесно, а секој што ќе успее заслужува пофалби. Мора да растете еден со друг - да се жртвувате. Тоа не е мала работа. Жените, пак, мора да пронајдат баланс. Не смеат да ја изгубат својата индивидуална моќ. Не може одеднаш да станете „ние“, а тоа она што повеќето го прават. Стануваат „неговата“ жена или девојка.“

ljubovni-lekcii-od-dzej-lo-3-greshki-koi-ne-treba-da-gi-povtoruvate-vo-vrskite-5.jpg

  М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои се најскапо платени актери за 2017 според Forbes? Марк Волберг е најскапо платениот холивудски актер, со оглед на тоа што земал 68...
Невозвратена љубов: Ѕвезди кои добиле „корпа“ од други ѕвезди Постои ли жена што може да му одолее на Џорџ Клуни? Да. Нејзиното име е Ева Лонг...
Љубов без секс: Познати парови кои се „чувале“ за првата брачна ноќ Интимниот однос претставува исклучително важен чин за некои славни личности. Зат...