Џорџина Родригез за врската со Роналдо: „Би сакала еден ден да му станам сопруга“
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 24-04-2019


Џорџина Родригез за врската со Роналдо: „Би сакала еден ден да му станам сопруга“

За свршувачката на Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез досега се шпекулираше многупати, односно секојпат кога Џорџина ќе носеше прстен на домалиот прст.

georgina-rodrigez-za-vrskata-so-ronaldo-bi-sakala-eden-den-da-mu-stanam-sopruga-01.jpg

Сепак, во разговорот за Hola магазин, 25-годишната девојка на Роналдо откри дека иако заедно ги растат дечињата, сепак тој не ја побарал за сопруга.

„Секој пар сака да стапи во брак и јас лично би сакала. Моментално имаме други приоритети и премногу обврски, иако во иднина би било прекрасно да му станам сопруга на Кристијано.“

georgina-rodrigez-za-vrskata-so-ronaldo-bi-sakala-eden-den-da-mu-stanam-sopruga-02.jpg

Прекрасната бринета ја даде оваа изјава во интервјуто само неколку дена по смртта на нејзиниот татко, кој подолго време бил болен.

Во истото интервју раскажа и дека Роналдо и заедничката ќерка Алана Мартина никогаш не го запознале нејзиниот татко, бидејќи отслужувал долгогодишна затворска казна во Шпанија поради законски прекршоци поврзани со дрога.

georgina-rodrigez-za-vrskata-so-ronaldo-bi-sakala-eden-den-da-mu-stanam-sopruga-03.jpg

georgina-rodrigez-za-vrskata-so-ronaldo-bi-sakala-eden-den-da-mu-stanam-sopruga-04.jpg

georgina-rodrigez-za-vrskata-so-ronaldo-bi-sakala-eden-den-da-mu-stanam-sopruga-05.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џорџина Родригез објави секси видео како вежба со децата Џорџина Родригез, и покрај обврските со 4-те деца, наоѓа време за да го одржува ...
Роналдо и Џорџина разменуваат нежности и уживаат во вода на одмор на И... Џорџина Родригез се породи во ноември 2017 и оттогаш постојано се одржува во фор...
Џејми Дорнан ќе стане татко по 3 пат: „На сопругата секој ден ѝ велам ... Актерот проговори за најважната улога во неговиот живот и за тоа што за него пре...