Блејк го сфаќа многу сериозно, Ештон Кучер го мрази: Што мислат славните за Денот на вљубените?
- Детали
- четврток, 14 февруари 2019
Денот на вљубените секогаш предизвикува дебати и поделени мислења – едни сметаат дека треба да се одбележи, а други, го презираат денот.
Мислењата за Валентајн се многу поделени, бидејќи многумина сметаат дека не треба да постои само еден ден во кој ќе се слави љубовта, туку таков треба да е секој ден.
Други пак, немаат проблем со тоа, еден ден специјално да си посветат на љубовта, со романтична вечера или на некој друг не толку клише начин.
А, што мислат славните личности за овој ден, дали го прославуваат, го мразат или го одбележуваат на свој начин?
1. Кристина Хендрикс мисли дека Валентајн е аматерска вечер и со сопругот го преместуваат за друг ден.
„Не сакаме да имаме готово мени и не сакаме морски плодови во облик на срце. Нема потреба сè да биде во облик на срце.“ – изјавила таа.
2. Ијан Сомерхолдер мислел дека овој ден е теорија на заговор на слаткарниците и цвеќарниците, а дека љубовта треба да се слави.
3. Нил Патрик Харис не го осудува денот, но сака сите да се сакаат и да шират љубов секогаш.
4. Ештон Кучер иако глумеше во „Valentine’s Day“, сепак го мрази денот и не може да го поднесе, бидејќи и тој смета дека љубовта треба да се слави 364 дена, а на Валентајн да им кажете на сите што ги мразите дека не може да ги поднесете.
„Треба да има 364 дена љубов и само еден ден омраза“ – изјавил актерот.
5. Ана Кендрик нема лошо мислење, но подарува практични подароци – еднаш на момчето му дала спатула, бидејќи му требала, но се шегува дека ја завиткала во розова хартија.
6. Блејк Лајвли го сфаќа Валентајн многу сериозно дури и на 30 години, а замислете каква била во училиште...
https://www.instagram.com/p/BfMH2yXgG0a/?utm_source=ig_embed
7. Џастин Тимберлејк сака да ѝ искаже љубов на сопругата на Валентајн и ги советува сите да го искористат денот.
М. М. | Црнобело