4 лекции што ги научивме од Евровизија 2019

По Евровизија 2019 луѓето знаат каде на мапата се наоѓа Македонија, но што друго научи светот од овој музички спектакл?

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-01.jpg

Данкан Лоренс (24) ѝ ја донесе победата на Холандија, првпат по 1975 година. Но, за нас на Евровизија 2019 морален победник е нашата Тамара Тодевска.

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-05.jpg

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-13.jpg

По победата Данкан порача дека во животот треба да се држите до тоа што го сакате и да сонувате големо секогаш.

Но, Евровизија нè научи на уште неколку лекции:

Не можете да ја држите политиката на страна

Организаторите на Евровизија инсистираат дека ова е неполитички настан. Но, тензија создаде исландскиот бенд Хатари кои при преносот во живот покажа написи со Палестина.

Потоа, Мадона даде политичка нота со тоа што еден од нејзините танчари имаше израелско знаме на грбот, а друг палестинско и тие одеа рака за рака.

Како Евровизија да остане неутрална кога учесниците одбиваат да ги следат правилата?

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-2019-02.jpg

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-2019-01.jpg

Добрата песна може да ја победи одличната сценска изведба

Австралија имаше спектакуларен сценски настап со еластични стапови и визуелни ефекти. Но, според пласманот се покажа дека тоа не е пресудно.

Едноставниот Данкан Лоренс со искрена изведба на сцената триумфираше, а и Тамара имаше настап од овој тип и се пласираше навистина високо.

Во ред се огнометите и сценските чуда, но победата на Данкан, како и победата на Португалија во 2017 година нè потсетија дека добрата песна е најважна.

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-11.jpg

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-10.jpg

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-12.jpg

И големо име може да разочара

Мадона беше главната ѕвезда на Евровизија, но таа се бореше со изведбата на нејзините две песни и дефинитивно не ги исполни очекувањата.

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-04.jpg

Големата петорка не е толку голема

Петте земји кои вложуваат најмногу пари во Евровизија и минуваат директно во финале повторно не нè воодушевија со изведбите.

Многу луѓе коментираат дека и тие треба да си го заслужат местото во финалето како сите други.

Единствено од нив што се покажа, а и добро се пласираше е Италија. Најлошо годинава помина Германија.

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-09.jpg

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-08.jpg

4-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-evrovizija-07.jpg

Целата статија на BBC прочитајте ја ТУКА!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Албанија прва влезе во финале, Словенија последна – Познати новите 10 финалисти на Евровизија 2023 Албанските преставници Албина и фамилија Келменди се првите што обезбедија учест...
Евровизискиот победник Данкан Лоренс се венча со партнерот – триумфираше годината кога настапи Тамар... Холандскиот музичар Данкан Лоренс, кој победи на Евровизија годината кога настап...
Се омажила на 21 година, со сопругот криеле дека се заедно – Факти за Јулија Санина, украинската вод... Признава дека е мошне љубоморна кога обожавателки му праќаат пораки на сопругот,...
Има ќерка со автоимуна болест, била во долга врска со Италијанец – Факти за Хана Вадингам, водителка... Има 48 години и важи за една од најпознатите британски актерки и пејачки. Потекн...
Лорин боса ја зема наградата, водителка биеше млеко среде шоу - Впечатливи моменти на Евровизија 202... Иако сè беше испланирано до перфекција сепак на Евровизија 2023 имаше неколку сп...
Спектакуларно отворена Евровизија 2023 - се појави и принцезата Кејт на пијано (видео) Евровизија 2023 започна со спектакл кој требаше да ја нагласи минатогодишната по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg