20.000 евра бакшиш - Роналдо ги „потплатил“ вработените во грчкиот ресорт, за да ги бркаат папараците
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Референт 23-08-2019


20.000 евра бакшиш - Роналдо ги „потплатил“ вработените во грчкиот ресорт, за да ги бркаат папараците

Роналдо е познат по оставањето големи бакшиши, па годинава повторно оставил 20.000 евра за вработените во грчкиот ресорт да му понудат врвна услуга и да ги држат настрана папараците.

20-000-evra-bakshish-za-celosna-privatnost-ronaldo-povtorno-go-potplati-personalot-vo-grchkiot-resort-01.jpg

Веројатно каде и да отиде, Кристијано Роналдо секогаш ќе биде следен од папараците, но секој заслужува пристоен одмор во приватност.

За таа цел, фудбалерот смета дека решението е да остави голем бакшиш, односно да ги потплати вработените во хотелите каде престојува.

Пред да го продолжи одморот со Џорџина на Сен Тропе, заедно со семејството, тој беше на одмор во Грција, во ресортот Costa Návarino, каде престојуваше и лани.

Минатата година, заради добрата услуга тој остави 20.000 евра бакшиш, а оваа година повторно го почестил персоналот со истата сума, за да ги држи папараците настрана додека тој ужива во семејниот одмор.

Покрај тоа што одвојува по 8.000 евра од вечер за престој во ресортот, на фудбалерот не му е проблем секоја година да одвои уште 20.000 евра за својата приватност.

Прочитајте и Ресортот во Грција во кој Кристијано Роналдо остави 20.000 евра бакшиш

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким им се придружи на Кортни и бившиот - со децата на одмор во Костари... Ким Кардашијан со ќеркичката Норт им се придружи на Кортни и нејзиниот бивши, Ск...
Семејната хармонија на Роналдо и Џорџина низ Инстаграм видеа и фотки Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез со месеци уживаат во големото семејство......
Арчи спие во соба од 55.000 евра: Колку чини да си син на Меган и Хари... Со возраст од само два месеци, малиот Арчи ужива во луксуз којшто за повеќето од...