Познати мажи кои ги освои Анџелина Џоли + единствената жена што ѝ беше љубов

Били Боб Торнтон

Вториот сопруг на глумицата е веројатно најдивиот партнер што таа некогаш го имала. Дваесет години постариот Били Боб Торнтон и Анџелина Џоли се запознаа во 1999 година, снимајќи го филмот „Pushing Tin“.

Заради неа ја остави свршеницата, актерката Лора Дерн, по што се земаа во 2000 година. Двојката привлекуваше внимание, носејќи ланчиња со меѓусебната крв.

Според медиумските написи, љубовта згаснала по посвојувањето на Медокс во 2002 година.

poznati-mazhi-koi-gi-osvoi-andjelina-djoli-edinstvenata-zhena-shto-i-beshe-ljubov-8.jpg

Антонио Бандерас

Во таблоидите наголемо се пишуваше и за страствената прељубничка афера на двајцата протагонисти од филмот „Original Sin“. Анџелина Џоли и Антонио Бандерас наводно започнале да се гледаат во 2000 година, додека латино заводникот уште беше оженет со актерката Мелани Грифит. Парот се разведе по деветнаесет години брак во 2015.

poznati-mazhi-koi-gi-osvoi-andjelina-djoli-edinstvenata-zhena-shto-i-beshe-ljubov-9.jpg

Вал Килмер

Кружат гласини дека убавицата завела и уште еден глумец од историскиот филм „Alexander“. Тоа се вкупно три покорени срца на еден сет. Станува збор за Вал Килмер, со кого имала само кратка романса и ништо повеќе. Заплеткани се врските во Холивуд, зарем не?

poznati-mazhi-koi-gi-osvoi-andjelina-djoli-edinstvenata-zhena-shto-i-beshe-ljubov-10.jpg

Бред Пит

Настрана валканата битка што некогашните емотивни партнери ја водеа на суд, тие засекогаш ќе останат една од најмоќните љубовни двојки на сите времиња. Се вљубија на снимањето на филмот „Mr. and Mrs. Smith“ во 2005 година, додека глумецот беше во навидум идиличен брак со Џенифер Анистон.

Ја остави за да ужива во прегратките на фаталната убавица. Шесте биолошки и посвоени деца на Бред Пит и Анџелина Џоли беа најсреќни на светот, додека мајка им не ги поднесе документите за развод во 2016 година. Останатото е веќе историја.

poznati-mazhi-koi-gi-osvoi-andjelina-djoli-edinstvenata-zhena-shto-i-beshe-ljubov-11.jpg

Џони Деп

Теориите на заговор велат по разделбата од Бред Пит, холивудската ѕвезда го искористила Џони Деп како рамо за плачење, највеќе од одмазда кон поранешниот сопруг.

Двајцата имаат флертувано во 2010 година, за време на снимањето на филмот „The Tourist“. Анџелина Џоли исто така изрази желба нему да му помогне по драматичниот развод од Амбер Херд.

Дали еден на друг си беа лек за скршените срца?

poznati-mazhi-koi-gi-osvoi-andjelina-djoli-edinstvenata-zhena-shto-i-beshe-ljubov-12.jpg

Џeни Шимицу

Последна на листата е единствената жена што ѝ беше љубов во младешките години на глумицата. Анџелина Џоли отсекогаш експериментирала со сексуалноста.

А, колешката Џени Шимицу ја освоила на прв поглед во 1996 година. „Веројатно ќе се оженев со неа, доколку не бев мажена за сопругот. Се вљубив во истата секунда кога ја видов.“

poznati-mazhi-koi-gi-osvoi-andjelina-djoli-edinstvenata-zhena-shto-i-beshe-ljubov-13.jpg

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Го посвои на само 7 месеци, за да го заштити се разведе од Бред Пит – Анџелина Џоли гордо позира со ... Анџелина во една прилика рече дека кога го видела како 3-месечно бебе не можела ...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...
Мајка му починала од рак, не зборувал со татко му - Тажниот живот на Џејмс Дин кој загина на 24 годи... Еден од најголемите холивудски заводници од '50-тите години, Џејмс Дин, има тажн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg