Сите насловни кои тврдат дека Лејди Гага и Бредли Купер живеат заедно и очекуваат дете


Сите насловни кои тврдат дека Лејди Гага и Бредли Купер живеат заедно и очекуваат дете

Гласините за Лејди Гага и Бредли Купер не престануваат, а странските медиуми шпекулираат дека тие веќе живеат заедно и очекуваат заедничко дете.

site-naslovni-koi-tvrdat-deka-lejdi-gaga-i-bredli-kuper-zhiveat-zaedno-i-ochekuvaat-dete-01.jpg

За хемијата помеѓу Бредли Купер и Лејди Гага се шпекулира уште откако се појавија заедно на филмското платно, на сите премиери и заеднички настапи полни со емоции.

site-naslovni-koi-tvrdat-deka-lejdi-gaga-i-bredli-kuper-zhiveat-zaedno-i-ochekuvaat-dete-002.jpg

Сите ја предвидоа разделбата на Бредли и Ирина Шајк уште пред да се случи, но дали навистина Лејди Гага беше причината за тоа, како што многумина шпекулираат?

site-naslovni-koi-tvrdat-deka-lejdi-gaga-i-bredli-kuper-zhiveat-zaedno-i-ochekuvaat-dete-02.jpg

Странските медиуми не застануваат со гласините, па освен тоа што „тврдат“ дека Гага е причината за нивната разделба, сега шпекулираат дека пејачката е бремена и дека се преселила заедно со актерот.

Според изворите на странските медиуми, наводно Гага блескала со труднички сјај, но го криела стомачето и не ја објавувале веста од почит кон Ирина.

site-naslovni-koi-tvrdat-deka-lejdi-gaga-i-bredli-kuper-zhiveat-zaedno-i-ochekuvaat-dete-04.jpg

ОК!, InTouch и Story се само дел од странските магазини на чија насловна страница завршија Купер и Гага со наслови „Бремена, но кој е таткото?“ / „Веќе не се преправаат“ / „Гага се пресели!“.

Сепак, за овие гласини нема никаков одговор од ниту еден од нив, а некои медиуми ги демантираат вестите на таблоидите дека Гага и Купер се во романтична врска, а уште помалку дека очекуваат дете.

Дали на таблоидите и фановите повторно ќе им се остварат предвидувањата или сепак станува збор само за лажно привлекување на внимание?

Погледнете ги насловните страници од магазините кои „навиваат“ за парот и шпекулираат за заеднички живот и бременост:

site-naslovni-koi-tvrdat-deka-lejdi-gaga-i-bredli-kuper-zhiveat-zaedno-i-ochekuvaat-dete-06.jpg

site-naslovni-koi-tvrdat-deka-lejdi-gaga-i-bredli-kuper-zhiveat-zaedno-i-ochekuvaat-dete-07.jpg

site-naslovni-koi-tvrdat-deka-lejdi-gaga-i-bredli-kuper-zhiveat-zaedno-i-ochekuvaat-dete-08.jpg

site-naslovni-koi-tvrdat-deka-lejdi-gaga-i-bredli-kuper-zhiveat-zaedno-i-ochekuvaat-dete-09.jpg

site-naslovni-koi-tvrdat-deka-lejdi-gaga-i-bredli-kuper-zhiveat-zaedno-i-ochekuvaat-dete-10.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто Бредли Купер и Лејди Гага нема да бидат добар пар? Неверојатната хемија помеѓу нив не би имала долг животен век. Двајцата останаа с...
Лејди Гага со мајка ѝ, Бредли Купер со прекрасната Ирина Шајк на NBR a... Лејди Гага се одлучи за сексапил и гламур од стариот Холивуд, додека Ирина Шајк ...
Мајката на Бредли Купер живеела со нив - каква битка водат Ирина и Бре... „Ирина никогаш не се чувствуваше како дома во Лос Анџелес, особено не во домот с...