Не смее да жали за минатото, мора да се моли - Правила кои Кејти Холмс ѝ ги наложува на Сури, ќерката со Том Круз
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Референт 23-08-2019


Не смее да жали за минатото, мора да се моли - Правила кои Кејти Холмс ѝ ги наложува на Сури, ќерката со Том Круз

Со оглед на тоа што Том Круз со години ја нема видено Сури, Кејти Холмс се обидува најдобро што може да ѝ биде мајка и татко, иако многупати е критикувана за начинот на воспитување и правилата кои ја тера да ги почитува.

pravila-koi-kejti-holms-i-gi-nalozhuva-na-suri-kjerkata-so-tom-kruz-01.jpg

На самохраните родители не им е воопшто лесно сами да ги одгледуваат децата, независно дали се богати, познати или не.

Секој родител го сака најдоброто за своето дете, а Кејти Холмс, во обид да го постигне тоа, има направено некои грешки за кои се соочила со многу критики.

Иако ѝ дозволувала многу работи уште од мала, сепак Кејти е строга мајка која ја тера Сури да следи многу правила, но според неа, сите тие се за да ѝ обезбеди среќа на ќерката.

Како Сури Круз е одгледана од нејзината мајка?

1. Сури почна да носи шминка и дизајнерска облека уште од рани години.

pravila-koi-kejti-holms-i-gi-nalozhuva-na-suri-kjerkata-so-tom-kruz-02.jpg

2. На Том Круз му е дозволено да ја гледа само 10 дена месечно Сури, но тој не ги користи ниту тие.

pravila-koi-kejti-holms-i-gi-nalozhuva-na-suri-kjerkata-so-tom-kruz-03.jpg

3. Иако не се гледаат, Том може да ѝ испраќа подароци за роденден и Божиќ секоја година.

4. Сепак, Сури не смее да зборува за него, бидејќи Кејти смета дека тоа ѝ отвора стари рани на ќерката.

pravila-koi-kejti-holms-i-gi-nalozhuva-na-suri-kjerkata-so-tom-kruz-04.jpg

5. Кејти ја учи секојдневно да прави мали гестови на љубезност, да биде културна кон бездомниците и да им помага на луѓето на кои им е потребна помош.

6. Кога станува збор за дружење, Кејти сака да ја има контролата во рака и ги проверува сите кои комуницираат со Сури, па затоа таа нема многу пријатели.

pravila-koi-kejti-holms-i-gi-nalozhuva-na-suri-kjerkata-so-tom-kruz-05.jpg

7. Таа мора да биде свесна за парите и трошењето и покрај тоа што е богата и славна, а мајка ѝ наводно ги скратила трошоците за скапите дизајнерски парчиња облека.

pravila-koi-kejti-holms-i-gi-nalozhuva-na-suri-kjerkata-so-tom-kruz-06.jpg

8. Сури не смее да ги има истите верувања како нејзиниот татко и актерката ја прати во католичко училиште за никако да не биде поврзана со скиентологија.

9. Таа мора да се труди многу на училиште и да биде добар ученик со високи оценки, а нејзината мајка се стреми кон тоа Сури да прерасне во интелигентна и независна индивидуа.

pravila-koi-kejti-holms-i-gi-nalozhuva-na-suri-kjerkata-so-tom-kruz-07.jpg

10. Сепак, училиштето не е доволно за Кејти, па Сури мора да биде вклучена во повеќе активности, како гимнастика и балет.

11. Секој четврток Сури мора да оди на миса, бидејќи во училиштето ги учат дека молењето е многу важно.

12. Сури мора да се води по секојдневна рутина што ја учи на дисциплина и да помага во домашните обврски.

13. Покрај сите работи што мора да ги прави, Сури мора да најде време и за мајка ѝ бидејќи актерката не сака нивната врска ништо да ја наруши.

pravila-koi-kejti-holms-i-gi-nalozhuva-na-suri-kjerkata-so-tom-kruz-008.jpeg

14. Кејти ја учи ќерката да не жали за минатото и да учи од грешките, но да не се грижи за она што не може да го смени.

pravila-koi-kejti-holms-i-gi-nalozhuva-na-suri-kjerkata-so-tom-kruz-09.jpeg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Том Круз смее да ја гледа ќерка си Сури 10 дена во месецот, но зошто н... Актерот кој е омилен на филмското платно во поглед на приватниот живот секогаш н...
Том Круз и Шер и уште 6 славни парови кои имале секс без обврски Мадона и Тупак Шакур имале неверојатна хемија, а Том Круз имал 23 години кога им...
Како ќерката му го спасила животот на Роби Вилијамс и уште неколку фак... Таа е неговата светла точка која постојано го потсетува дека животот е вреден за...