„Не ви го препорачувам за одмор“: Џиџи и Бела Хадид ограбени на Миконос

На објава на Instagram, Џиџи Хадид се заколна дека никогаш повеќе нема да се врати на грчкиот остров Миконос. Причината е што додека биле излезени, луксузната вила во којашто отседнувале со сестра ѝ Бела била ограбена.

troshete-gi-parite-na-drugo-mesto-dzidzi-i-bela-hadid-ograbeni-na-mikonos-01.jpg

Супермоделите биле навистина потресени откако крадците влегле во нивното сместување на Миконос и украле накит, облека, чанти и очила. Нивниот татко, Мохамед Хадид, изјавил дека и двете биле видно вознемирени после инцидентот.

„Џиџи ми се јави на аеродромот кога полетуваше. Беше трауматизирана. Биле излезени и со нив било нивното обезбедување. Некој провалил во куќата и биле ограбени.“

Сестрите се упатија кон грчкиот остров минатата недела за да го прослават роденденот на нивната постара сестра Ана. Но, поради инцидентот, фатиле чартер-лет до дома.

Џиџи ја споделила приказната на нејзина објава на Instagram.

View this post on Instagram

A post shared by Gi’sposables 📸 (@gisposable)

„Не му дозволувајте на Instagram да ве излаже. Нè ограбија. Никогаш не се враќаме. Не го препорачувам. Потрошете ги парите на некое друго место.“

Според некои извори, сестрите сметале дека станува збор за внатрешна работа. Наводно, вработените во куќата имале пристап до нивниот дом, па можеби биле вклучени во грабежот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По обвинувањата за силување, освои една од најубавите жени на светот: Која е девојката на Чак Бас од... Поранешната Мис тинејџерка на светот, Ејми Џексон скоро две години е во врска со...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Мајка му починала од рак, не зборувал со татко му - Тажниот живот на Џејмс Дин кој загина на 24 годи... Еден од најголемите холивудски заводници од '50-тите години, Џејмс Дин, има тажн...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...
Се откажа од кариерата за да се грижи за синот: Каде е денес актерот што го глумеше Супермен? Жртвата која популарниот Супермен ја направи за својот син ретко кој би ја напра...
Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg