Памела Андерсон на вечера со синовите – Кои се Брендон и Дилан?
- Детали
- петок, 16 август 2019
Памела Андерсон беше секс симбол во 90-тите, а денес е семејна жена која го поминува слободното време со своите синови.
Памела се прослави благодарение на насловната на Playboy во 1989-та година, а најпозната е по нејзиниот лик во серијата „Baywatch“.
https://www.instagram.com/p/B0_bBmhAnZy/?utm_source=ig_embed
Нејзиниот приватен живот беше исполнет со многу подеми и падови, а речиси сите знаат за нејзината бурна врска со Томи Ли. Пo само 4-дневно познанство, Томи и Памела се венчаа. Бракот им траеше 3 години, а потоа повторно беа заедно.
Но, и вториот обид заврши со разделба во 2001-ва година. Во 2008-ма решија да ѝ дадат уште една шанса на врската и почнаа да живеат заедно со нивните синови. Овој пат се разделија засекогаш.
https://www.instagram.com/p/B1CejY9Bx4L/?utm_source=ig_embed
Според Памела, Томи бил навистина насилен во врската, нешто што го искусила уште во една врска. Сепак, изгледа дека денес Памела го оставила минатото зад неа и сега е нова личност.
Неодамна папараците ја забележале како оди на вечера во италијански ресторан во Калифорнија со своите синови. Брендон, постариот, има 23 години, а Дилан Џегер има 21 година.
Брендон ги следел стапките на мајка си и денес работи како актер и модел. Како актер се има појавено во филмовите „Inherent Greed“ и „Sierra Burgess“. Како модел, се има појавено во неколку кампањи, како и на ревија на Dolce&Gabbana.
https://www.instagram.com/p/B036n94FJSH/
https://www.instagram.com/p/B0WUgwrFq3P/
https://www.instagram.com/p/B0Bnjpkl5ow/
Дилан ја наследил љубовта кон музиката од својот татко и свири гитара. Покрај тоа изјавил дека размислува за сериозна кариера како модел.
https://www.instagram.com/p/B0b6Og0gIbm/
https://www.instagram.com/p/BynoZS8ACj0/
https://www.instagram.com/p/BzGHmBmAlTJ/
Спирова С. | Црнобело