Како изгледа Ким Кардашијан кога ќе излезе без грам шминка? (фото)
- Детали
- вторник, 20 август 2019
Со масна кожа, акни на лицето, несредена коса и тренерки – Ким Кардашијан е многу поразлична кога ќе излезе од дома без грам шминка и гламурозен аутфит.
И кога мислиме дека немаат шминка, ѕвездите користат производи за минимална покривност на недостатоците и природен изглед.
Но, овојпат, Ким Кардашијан одлучи да се појави во јавност без грам шминка и да ги истакне сите недостатоци – од масна кожа до акни.
Облечена во тренерки, со распуштена коса и без шминка, Ким беше забележана на вечера со сопругот Канје Вест.
Сосема поразлична од гламурозниот изглед со тон шминка – како изгледа иконата на индустријата за убавина во природно издание?
М. М. | Црнобело