Џон Бон Џови отвори ресторан во кој никој не мора да плати - важно е да се најаде
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Џон Бон Џови отвори ресторан во кој никој не мора да плати - важно е да се најаде

Џон Бон Џови е познат за многу нешта – тој е еден од највлијателните рок музичари, се појавил во неколку серии, неколку пати е избран за најатрактивниот артист и е политички активист. Но, многу ретко се обрнува внимание на неговата добротворна работа.

dzon-bon-dzovi-otvori-restoran-za-lugjeto-koi-ne-mozhat-da-si-dozvolat-hrana-01.jpg

Soul Kitchen e непрофитна организација која ја води фондацијата на Бон Џови. Овде оброците немаат цена а плаќа оној што сака.

Оние кои сакаат можат да донираат и 20 долари, а оние кои немаат пари можат да јадат во ресторанот, а подоцна да волонтираат во кујната.

51% од оброците биле платени со донации, а останатите биле покриени со волонтерската работа на луѓето без пари. Поради ова, мотото на ресторанот е „Сите се добредојдени на нашата маса.“

Интересно е што овде не можете да резервирате маса. Гостите се сместуваат на заедничка маса каде што можат да јадат и со странци. Оние кои имаат најмногу потреба за храна се седнуваат први.

Ресторанот има мени од 3 оброци инспирирани од американска кујна, а менито се менува на секои 10 денови.

Постојат и вегетаријански и безглутенски оброци, а сите се приготвени со хранливи и органски состојки од градината на ресторанот.

Покрај рестораните, фондацијата има изградено и домови во Филаделфија за бездомниците, како и центар кој им помага на мајките тинејџерки и нивните деца.

Фондацијата е создадена од рок ѕвездата и неговата сопруга, а нивната мисија е јасна: Да се прекине циклусот на глад, сиромаштија и бездомништво со развивање на партнерства, создавање програми и давање грантови за да се поддржат иновативните организации.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џон Бон Џови и уште 5 ѕвезди кои одбраа да живеат во мали и тивки градови Тие не ја сакаат вревата на Лос Анџелес, сакаат мирен живот на големи имоти во м...
Ѕвезди кои имале ФБИ досие, но ретко кој знае Низ годините, ФБИ имаат собрано тајни информации за милиони луѓе ширум светот, а...
„Сам ќе бидам посреќен“ - Џон Леџенд неуспешно пробал да ѝ раскине на Криси Тајген Џон Леџенд и Криси Тајген се често пример за среќен и заљубен пар за чиј однос м...

Најчитани неделава