Среде скандалот со приватниот авион - Меган Маркл „се правда“ со добротворната работа (видео)
- Детали
- четврток, 22 август 2019
Меган Маркл деновиве во јавноста беше окарактеризирана како најголем хипокрит, со тоа што се претставува како поборник за животната средина и природата, а на првиот семеен одмор со принцот Хари и синчето Арчи користеше приватен авион за 4 релации.
Среде скандалот, обвинувањата и погрдните коментари упатени на нејзина сметка, изгледа Војвотката од Сасекс реши да се брани со добротворната работа која ја прави.
На Инстаграм објави видео од денот кога ненајавено присуствувала на фотосесија организирана од добротворната организација Smart Works.
Воедно, ова беше само најава за нејзината добротворна колекција, која има за цел да ги облече жените кои немаат доволно средства, а мораат да изгледаат пристојно за да најдат соодветна работна позиција.
М. Д. | Црнобело