Познати личности кои биле уапсени и нивните полициски фотографии

Метју Меконахи

Метју бил уапсен во 1999-та година, откако неговите соседи се пожалиле за вревата што ја правел. Кога дошла полицијата, го затекнале актерот како свири на бонго тапани, а го уапсиле поради поседување марихуана и пружење отпор.

poznati-lichnosti-koi-bile-uapseni-i-nivnite-policiski-fotografii-08.jpg

Хју Грант

Во 1995-та година, актерот бил уапсен бидејќи имал орален секс со проститутка во неговиот автомобил. Актерот добил условна казна, а проститутката си заработила 180 дена затвор.

poznati-lichnosti-koi-bile-uapseni-i-nivnite-policiski-fotografii-09.jpg

Парис Хилтон

Парис е апсена неколку пати, но сите ќе ја помнат оваа фотографија.

Фотографијата е од 2007-ма година, кога Парис возела со суспендирана возачка. Претходно, таа добила 45 дена затвор бидејќи ја прекршила условната казна, но во затворот останала помалку од една недела

poznati-lichnosti-koi-bile-uapseni-i-nivnite-policiski-fotografii-10.jpg

Меколи Калкин

Во 2004-та година, Меколи бил застанат во Оклахома Сити и бил уапсен за поседување марихуана и лекови. Си заработил казна затвор, а морал и да плати одредена сума пари.

poznati-lichnosti-koi-bile-uapseni-i-nivnite-policiski-fotografii-11.jpg

Мајкл Фелпс

Олимписката легенда била уапсена за возење во алкохолизирана состојба во 2014-та година. После апсењето, тој изјави дека бил на навистина мрачно место и не сакал ни да биде жив.

poznati-lichnosti-koi-bile-uapseni-i-nivnite-policiski-fotografii-12.jpg

Линдзи Лохан

И Линдзи е уапсена неколку пати, а оваа фотографија е од апсењето за возење во алкохолизирана состојба и поседување кокаин во 2007-ма година. Актерката доби еден ден во затвор и 3 години условна казна.

poznati-lichnosti-koi-bile-uapseni-i-nivnite-policiski-fotografii-13.jpg

Шаја Лабаф

Познатиот актер имал неколку средби со полицијата. Оваа фотографија е од 2017-та година, откако бил уапсен за пиење алкохол во јавност и непристојно однесување.

Според полицијата, „непристојното однесување“ почнало кога никој не сакал да му даде цигара на актерот.

poznati-lichnosti-koi-bile-uapseni-i-nivnite-policiski-fotografii-14.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
По смртта на сопругата, немал ниту една врска: Трагичниот живот на Лиам Нисон Негова пријателка била силувана, се откажал од сонот да стане боксер поради потр...
Најомразениот холивудски актер: Две негови девојки си го одзеле животот, бил ужасна личност Поради неговото однесување никој не му отишол на погреб и никој не сакал да ги к...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Канибализам, силување, насилство – Мрачните обвиненија против актерот Арми Хамер Актерот Арми Хамер е обвинет за физичко и сексуално насилство, како и за канибал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg