Бела Хадид избриша Инстаграм фотка, откако Селена Гомез ѝ остави коментар
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Оператор 06-12-2019
Продавач 06-12-2019


Бела Хадид избриша Инстаграм фотка, откако Селена Гомез ѝ остави коментар

Помеѓу Селена Гомез и Бела се појави мал конфликт, откако моделот избриша објава на која пејачката остави позитивен коментар.

bela-hadid-izbrisha-fotografija-od-instagram-otkako-selena-gomez-i-ostavi-komentar-01.jpg

27-годишната Селена наводно се разочарала, бидејќи Бела ја избришала објавата.

Конфликтот помеѓу Бела и Селена настана поради The Weekend - и двете беа во врска со пејачот. Но, Селена се обиде да ја смири ситуацијата со изјавата:

„НЕ. Не требаше да зборувам без да ја знам вистината. Жал ми е. Таа е прекрасна личност и сето ова беше недоразбирање.“

Но изгледа на Бела не и е сеедно, а јавноста дозна за тоа кога еден фан на Селена направи скриншот од објавата на 23-годишниот модел. Објавата беше фотографија од Бела во реклама за Dior, каде што Селена искоментира „Прекрасно“.

bela-hadid-izbrisha-fotografija-od-instagram-otkako-selena-gomez-i-ostavi-komentar-03.jpg

Фанот одново ја објави фотографијата и нагласи дека Бела ја избришала од нејзиниот профил.

„Таа сака да ги поддржува жените. Сите вие не можете да го сфатите тоа на добар начин. Инаку, Хадид ја избриша објавата“, стои во описот од фанот.

И самата Селена коментирала на објавата од фанот:

bela-hadid-izbrisha-fotografija-od-instagram-otkako-selena-gomez-i-ostavi-komentar-02.jpg

Овој пасивен потег на Бела изгледа не е прв. Селена ја заследи Бела на Instagram, откако моделот втор пат раскина со The Weekend. Но, Бела не ја заследи Селена.

Претходно Селена се гледаше со пејачот, а се разделија во 2017-та година.

bela-hadid-izbrisha-fotografija-od-instagram-otkako-selena-gomez-i-ostavi-komentar-04.jpg

Во меѓувреме, Бела и The Weekend беа заедно и раскинуваа неколку години. И иако после последното раскинување изгледаше како парот да ставил крај засекогаш, The Weekend присуствуваше на роденденот на Бела на 9-ти октомври. Ова ја натера јавноста да помисли дека помеѓу двајцата сè уште се случува нешто.

bela-hadid-izbrisha-fotografija-od-instagram-otkako-selena-gomez-i-ostavi-komentar-05.jpg

Бела нема изјавено ништо во врска со „битката“ со Селена на Instagram.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Селена Гомез е доказ дека и со стрии и стомаче може да се ужива на пла... Во бело монокини и со насмевка на лицето, Селена Гомез покажа дека не е потребно...
Згодните сестри Хадид во модно усогласени комбинации на MTV VMA 2019 (... Каде и да се појават, згодните сестри Хадид го привлекуваат вниманието, па сите ...
Сите работи кои ги знаеме досега за врската на Бред Пит и Шарлиз Терон Сите зборуваат за врската на Шарлиз Терон и Бред Пит, иако тие успешно се кријат...