Тие се најжешкиот пар во НБА чија љубов процвета во карантинот – Вини Харлоу и Кајл Кузма (фото)
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тие се најжешкиот пар во НБА чија љубов процвета во карантинот – Вини Харлоу и Кајл Кузма (фото)

Тие се млади, успешни и очигледно многу вљубени еден во друг. 26-годишната Вини Харлоу е канадски модел која својата „слабост“ ја претвори во најсилниот физички адут на привлечност – нејзиното витилиго.

Vini-Harlou-i-Kajl-Kuzma-01.jpg

Иако во младоста била мета на многубројни навреди и критики, денес е еден од најавтентичните и најбараните модели во светски рамки. Депигментацијата на делови од кожата не ја спречи Харлоу да создаде бренд на препознатливост и да ги помести стандардите за убавина.

25-годишниот Кајл Кузма веќе има НБА шампионски прстен. Иако во 2017 година беше одбран на драфтот во тимот на Бруклин Нетс, пристигна во Лејкерси каде што досега бележи над 200 одиграни натпревари и одличен просек. Тој нема да го менува својот тим и во наредните три сезони, а неговиот нов договор „тежи“ неверојатни 40 милиони евра.

Парот наводно се запознал на забава за време на Fashion Week во септември, 2019 година. Но, двајцата почнале да се гледаат неколку месеци подоцна, а според изворите, врската помеѓу Вини и Кајл процветала за време на карантинот.

Започнала некаде пролетта во 2020 година, а после многубројните разговори на FaceTime парот конечно се зближил, а Вини му се придружи на Кајл во „меурот“ (The Bubble) во Орландо за време на плеј-оф сезоната во НБА, каде што играчите беа изолирани со цел да ја завршат сезоната.

Тие се најжешкиот и највљубениот пар во НБА и изгледаат апсолутно неодоливо. Кога има љубов има и начин, дури и за време на пандемија, нели?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кајли се шета со тато Кејтлин Џенер, кој сега повеќе наликува на мајка (фото) Брус Џенер со операција го промени полот и стана Кејтлин Џенер... Заедно со Кајл...
Познати парови кои имале „секс без обврски“ На секој може да му се случи да се напие малку повеќе и да заврши во к...
„Мислев на неа уште кога имав 8 години“ - љубовната приказна на Џејсон Момоа и Лиса Бонет Џејсон Момоа и Лиса Бонет се еден од најинтересните холивудски парови, а после 1...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg