Фото докази дека Меган Маркл копира сцени од холивудските филмови за да прикаже живот-бајка


Фото докази дека Меган Маркл копира сцени од холивудските филмови за да прикаже живот-бајка

Последната фотографија со која Меган ја најавува втората бременост е како сцена од филмот Notting Hill каде бремената Џулија Робертс лежи на коленото на Хју Грант. Парот ќе гостува кај Опра и ќе каже сѐ за искуствата од кралскиот живот.

foto-dokazi-deka-megan-markl-kopira-sceni-od-holivudskite-filmovi-za-da-pretstavi-zhivot-bajka-01.jpg

Хари и Меган Маркл неодамна објавија дека очекуваат второ дете, а сега во светските медиуми „како бомба“ одекна вест дека наводно парот снимал емисија во шоуто на Опра и таму кажуваат апсолутно сѐ, но истата уште не е објавена.

Многумина ова интервју го споредуваат со интервјуто на починатата принцеза Дијана и веруваат дека кралицата нема да биде среќна што ќе откриваат детали од нивните кралски денови, а наводно ќе му ги одземе и последните кралски привилегии на својот внук.

Инаку, во магазинот The Sun објавена е статија во која се тврди дека Меган, која всушност е актерка, глуми сѐ во животот, па така голем дел од нејзините фотографии се исценирани како сцени од холивудските филмови.

Едноставно во раце ја презела режисерската улога на нејзиниот и животот на Хари, а додека некои ја критикуваат, други ја поддржуваат и тоа им изгледа романтично.

Неколку фото докази:

Последната фотографија со која Меган ја најавува втората бременост е како сцена од филмот Notting Hill каде бремената Џулија Робертс лежи на коленото на Хју Грант.

foto-dokazi-deka-megan-markl-kopira-sceni-od-holivudskite-filmovi-za-da-pretstavi-zhivot-bajka-02.jpg

Парот има позирано под чадор како сцена од филмот Four Weddings And A Funeral.

foto-dokazi-deka-megan-markl-kopira-sceni-od-holivudskite-filmovi-za-da-pretstavi-zhivot-bajka-03.jpg

Хари очигледно ја прифаќа играта на Меган, која како и Пепелашка го пронајде својот принц, во 2018 година.

foto-dokazi-deka-megan-markl-kopira-sceni-od-holivudskite-filmovi-za-da-pretstavi-zhivot-bajka-05.jpg

На фотографиите со кои ја најавија свршувачката во 2017 година, Меган и Хари позираат како сцена од филмот Love, Actually.

foto-dokazi-deka-megan-markl-kopira-sceni-od-holivudskite-filmovi-za-da-pretstavi-zhivot-bajka-06.jpg

Фотографијата каде Меган му чита на Арчи е како сцена од филмот Baby’s Day Out.

foto-dokazi-deka-megan-markl-kopira-sceni-od-holivudskite-filmovi-za-da-pretstavi-zhivot-bajka-04.jpg

Очигледно во овој однос Меган контролира сѐ, се заклучува во статијата на магазинот The Sun, иако сепак ова може да се само случајности. Што мислите вие?

Потсетете се и 12 причини зошто Кејт Мидлтон од старт не ѝ веруваше на Меган Маркл

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Среде Атина: Како изгледа кога холивудските актери снимаат голи на улица? Сосема голи на платформа со мотор, но што е со екипата околу нив? Како изгледа с...
Како Меган Маркл и принцот Хари му се најдоа на мета на Доналд Трамп? Американскиот претседател се огласи на Твитер дека нема да им плаќа обезбедување...
7 докази дека Ромео Бекам е стилска копија на тато Дејвид (фото) Дејвид Бекам важи за вистинска машка модна икона низ годините. Факт е дека „круш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg