Шенон Доерти без перика ја подигнува свеста за ракот: „Дијагнозата не значи крај на вашиот живот – јас сум жив доказ за тоа!“


Шенон Доерти без перика ја подигнува свеста за ракот: „Дијагнозата не значи крај на вашиот живот – јас сум жив доказ за тоа!“

Шенон Доерти сподели фотографија без перика со цел да ја подигне свеста за ракот, а деновиве даде и интервју во кое отворено зборува за болеста, нагласувајќи дека уште е жива и активна, но и дека нема да се предаде така лесно.

shenon-doerti-bez-perika-ja-podignuva-svesta-za-rakot-dijagnozata-ne-znachi-kraj-na-vashiot-zhivot-jas-sum-zhiv-dokaz-za-toa-01.jpg

Актерката Шенон Доерти се бори со рак на дојката во четврти стадиум и речиси секогаш е отворена за нејзината битка.

Октомври е месец за подигнување на свеста за ракот на дојка, па по тој повод 50-годишната актерка сподели две фотки на Инстаграм со емотивен опис.

Шенон и претходно има споделувано фотографии на кои нема ни грам шминка, а овојпат реши да покаже како навистина изгледа битката со ракот.

На новата објава, покрај тоа што нема шминка, Шенон не носи ни перика и се гледа дека со шамивче се обидува да го сопре крвавењето на носот. 

На втората фотографија од објавата Шенон носи слатки пижами и се одмора.

„За месецот за подигнување на свеста за ракот, сакам да споделам нешто повеќе за моето лично патување од првата дијагноза до втората.

Дали беше убаво? НЕ. Но, вистинито е и се надевам дека со моето споделување сите ќе станеме поедуцирани, позапознати со тоа како изгледа ракот.

Се надевам дека ќе ги охрабрам луѓето да направат мамограм, редовно да одат на преглед, да го победат стравот и да се соочат со она што можеби ќе биде пред нив“.

shenon-doerti-bez-perika-ja-podignuva-svesta-za-rakot-dijagnozata-ne-znachi-kraj-na-vashiot-zhivot-jas-sum-zhiv-dokaz-za-toa-02.JPG

„Во 2015-та бев дијагностицирана со рак на дојката. Ми направија мастектомија и одев на хемотерапија и радијација. Многупати ми течеше крв од носот од хемотерапијата. Не сум сигурна дали на некој друг од вас му се случило ова. Бев многу уморна.

Се расположував облекувајќи смешни пижами што ми ги даде другарката Кристи. Дали навистина ме расположуваа? Да!

Изгледав смешно и тогаш можев да се смеам на себе. Хуморот ми помогна да го надминам она што ми се чинеше невозможно. Се надевам дека сите ќе најдеме хумор во невозможното“.

shenon-doerti-bez-perika-ja-podignuva-svesta-za-rakot-dijagnozata-ne-znachi-kraj-na-vashiot-zhivot-jas-sum-zhiv-dokaz-za-toa-06.JPG

Неодамна, актерката даде интервју во кое се отвора за битката со нејзината болест.

За ABC News, Шенон вели дека претходно се затворала во себе, но дијагнозата за рак ѝ ја променила перспективата.

„Дијагнозата го промени сето тоа. Треба да погледнете длабоко во себе за да се соочите со ракот, а тогаш ќе ги најдете сите работи што сте ги потиснувале.

А, секогаш ќе наоѓате убави работи. Ќе ја најдете вашата ранливост, довербата во другите луѓе, ќе најдете прошка“.

shenon-doerti-bez-perika-ja-podignuva-svesta-za-rakot-dijagnozata-ne-znachi-kraj-na-vashiot-zhivot-jas-sum-zhiv-dokaz-za-toa-05.JPG

Актерката нагласи и дека како јавна личност, чувствува одговорност да зборува за ракот за да им помогне на луѓето да научат нешто повеќе за болеста.

„Луѓето треба да знаат дека лицата со рак во четврти стадиум се живи и многу активни“.

shenon-doerti-bez-perika-ja-podignuva-svesta-za-rakot-dijagnozata-ne-znachi-kraj-na-vashiot-zhivot-jas-sum-zhiv-dokaz-za-toa-04.JPG

Всушност, актерката е уште активна во филмската индустрија и работи на филмот List of a Lifetime и пред некој ден повторно изјави дека луѓето со рак уште се живи и можат да работат:

„Дијагнозата за рак на дојката не е крајот на вашиот живот… Јас сум жив доказ за тоа.

Можеме да напредуваме и да го живееме животот со полни гради. Грижата за себе и редовните прегледи (иако страшни) се задолжителни. Раната детекција е клучна!“, пишува во Инстаграм објавата на Шенон.

Актерката првпат беше дијагностицирана во 2015 година, по што направи мастектомија, а одеше и на радијација и хемотерапија. Во 2017-та соопшти дека го победила ракот, но во февруари минатата година откри дека ракот се вратил.

shenon-doerti-bez-perika-ja-podignuva-svesta-za-rakot-dijagnozata-ne-znachi-kraj-na-vashiot-zhivot-jas-sum-zhiv-dokaz-za-toa-03.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Актерката што ја глумеше Касандра денес има 45 години и се бори против тумори Кога се гледаше „Касандра“ улиците беа празни и тоа не само во Македонија, туку ...
Шенон Доерти по 2 години битка со ракот, се враќа на глумата Шенон Доерти го живее животот во целост, откако ѝ беше дијагностициран рак на до...
„Не се откажувам“ – Шенон Доерти сака да се збогува со најблиските, но верува дека уште е рано за то... Шенон Доерти води битка со ракот на дојката, и иако сака да им напише писма и да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg