Меган Фокс и Машин Ган Кели на шопинг во Солун – ретко појавување на парот со децата (фото)
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
монтер 18-01-2022


Меган Фокс и Машин Ган Кели на шопинг во Солун – ретко појавување на парот со децата (фото)

Меган Фокс и Машин Ган Кели моментално се во Грција, а деновиве беа забележани во Солун заедно со трите синови на актерката и ќерката на музичарот – глетка што е вистинска реткост и покрај тоа што парот е во сериозна врска.

megan-foks-zboruva-na-telefon-mashin-gan-keli-e-grizhliv-tatko-retko-pojavuvanje-na-parot-so-nivnite-deca-vo-solun-foto-01.jpg

Меган Фокс и нејзиното момче Машин Ган Кели се на семеен одмор во Грција заедно со нивните деца.

35-годишната актерка и 31-годишниот музичар викендов беа забележани на шопинг во Солун. Со нив беа тројцата синови на Меган, како и ќерката на Кели.

Меган беше во лежерно издание со широки тренерки и дуксер, а Кели носеше широки жолти панталони, џемпер и јакна.

megan-foks-zboruva-na-telefon-mashin-gan-keli-e-grizhliv-tatko-retko-pojavuvanje-na-parot-so-nivnite-deca-vo-solun-foto-02.jpg

Поголемиот дел од времето Меган зборуваше на телефон, држејќи го едното синче за рака, додека другите две одеа со нивната дадилка. Кели, пак, најмногу внимание обрнуваше на неговата ќерка.

Потоа парот влезе и во продавница за накит.

megan-foks-zboruva-na-telefon-mashin-gan-keli-e-grizhliv-tatko-retko-pojavuvanje-na-parot-so-nivnite-deca-vo-solun-foto-03.jpg

megan-foks-zboruva-na-telefon-mashin-gan-keli-e-grizhliv-tatko-retko-pojavuvanje-na-parot-so-nivnite-deca-vo-solun-foto-04.jpg

Меган Фокс ги доби трите деца со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин, од кого се разведе по речиси 11 години брак.

Нивниот развод беше финализиран во октомври годинава, а речиси веднаш откако актерката сподели дека се разделуваат, ја почна врската со Машин Ган Кели.

Некои фанови веруваат дека Меган и го изневерила Брајан со сегашното момче.

Машин Ган Кели ја доби ќерката со поранешната девојка Ема Канон кога имаше 18 години.

megan-foks-zboruva-na-telefon-mashin-gan-keli-e-grizhliv-tatko-retko-pojavuvanje-na-parot-so-nivnite-deca-vo-solun-foto-05.jpg

Додека Меган честопати е забележувана во јавност со нејзините деца, ќерката на нејзиното момче речиси и да не се појавува во јавност, уште помалку на важни настани кои се дел од музичката индустрија.

Прочитајте повеќе: Машин Ган Кели на црвен тепих со ќерката што ја добил кога имал 18 години: „Јас сум горд татко“

Иако актерката и музичарот велат дека се сродни души и нивната врска е сериозна, вистинска реткост е да ги видиме заедно со нивните деца.

megan-foks-zboruva-na-telefon-mashin-gan-keli-e-grizhliv-tatko-retko-pojavuvanje-na-parot-so-nivnite-deca-vo-solun-foto-06.jpg

Меган Фокс и Машин Ган Кели на прошетка во Солун со децата:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како Меган Маркл и принцот Хари му се најдоа на мета на Доналд Трамп? Американскиот претседател се огласи на Твитер дека нема да им плаќа обезбедување...
Меган Маркл е бремена - првото дете со принцот Хари го очекуваат во пролет 2019-та Принцот Хари и Меган Маркл денес пристигнаа во Сиднеј за почетокот на нивната кр...
Меган Фокс со Машин Ган Кели во Грција на одмор - не можат да се наситат еден на друг (фото) Уште еден доказ дека Грција е замислата за совршен одмор за холивудските ѕвезди....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg