Кортни Кардашијан и Тревис играат на балкански турбо-фолк – ќерката им пушта босанска песна (видео)


Кортни Кардашијан и Тревис играат на балкански турбо-фолк – ќерката им пушта босанска песна (видео)

„Балканска музика во Кардашијан верзија“ – стои во еден од коментарите напишани под видеото што го објави ќерката на Кортни Кардашијан, Пенелопи на својот ТикТок профил. Во видеото девојчето со нејзината мајка и со идниот очув игра „хеликоптер“ на турбо-фолк музика.

trevis-i-kortni-po-doma-vo-papuchi-se-zhurkaat-na-turbo-folk-balkanska-muzika-vo-kardashijan-verzija-01.jpg

Ќерката на Кортни Кардашијан, Пенелопи снимаше забавно видео за ТикТок со песната „Хеликоптер, хеликоптер“ на босанскиот пејач Фазлија, а Кортни и Тревис ѝ се придружија во забавата. Речиси на сите фотографии што досега ги објавиле тие двајцата не можат да се одлепат еден од друг, па не им требаше долго да почнат да се бакнуваат додека го снимаа и забавното видео на 9-годишната ќерка на Кортни.

Тревис Баркер (46) е познат тапанар во панк бендот Blink 182, но како што може да се процени од видеото објавено на 9-годишната ќерка на Кортни Кардашијан (42), Пенелопи Дисик, рокерот е подготвен да снима смешни видеа со балкански турбо-фолк и тоа во огромни папучи.

trevis-i-kortni-po-doma-vo-papuchi-se-zhurkaat-na-turbo-folk-balkanska-muzika-vo-kardashijan-verzija-02.jpg

Од коментарите на видеото голем број од нивните следбеници се изненадени повеќе од тоа што Кортни и Тревис ненадејно почнаа да се прегрнуваат и да се бакнуваат во позадина, додека Пенелопи ја изведуваше својата точка во преден план, но имаше и коментари од следбеници од Балканот што ја препознаа песната на босанскиот пејач Фазлија.

„Балканска музика во Кардашијан верзија“ – стои во еден од коментарите.

Освен видеото на ТикТок, Кортни објави и нови фотографии со свршеникот Тревис Баркер како заедно уживаат во џакузи и секако се бакнуваат.

Инаку, Пенелопи (9) е ќерка на Кортни од врската со Скот Дисик. Освен неа, Кортни има уште две деца: Мејсон (11) и Рејн  (6).

Прочитајте и Скот не успеа да ја круниса љубовта со Кортни 9 години, Тревис ја побара за 1 година – нови фотки и критики за парот

Погледнете го видеото во продолжение:

@pandkourt

 

♬ Helikopter - Fazlija

Прочитајте и Името на бившата го покри со усните на Кортни – Највпечатливите тетоважи на Тревис Баркер и нивното значење

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кортни Кардашијан го шета кучето во количка, Ким јаде на 2 метри од мајка ѝ (фото) И сестрите Кардашијан сакаат да дадат добар пример во време на пандемијата, но г...
Кортни Кардашијан ги однесе децата на одмор со бившиот и неговата девојка, Софија Ричи (фото) Божиќните празници навистина ги спојуваат семејствата, но понекогаш славните зна...
Познати фаци кои не се поднесуваат, а се сликале заедно Голем дел од славните личности се егоцентрични. Не сакаат да го споделат ни возд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg