„Глуми жртва, не е возможно пиштолот сам да пукне“ – остри критики кон Алек Болдвин, по интервјуто за трагедијата
- Детали
- петок, 03 декември 2021
„Изјавата дека пиштолот пукнал без тој да го повлече чкрапалото, се коси со правилата на физиката“ – велат дел од корисниците на Твитер по интервјуто на Алек Болдвин во кое тој тврдеше дека не е виновен за смртта на кинематографката Халина Хачинс.
Во ексклузивно интервју на ABC, што беше емитувано вчера (03.11) Алек Болдвин говореше за трагедијата што се случи за време на снимањето на филмот Rust и во која животот го загуби кинематографката Халина Хачинс (42).
Тој тврди дека воопшто не го повлекол чкрапалото и дека е виновен тој што ставил вистинска муниција во оружјето.
„Потребно е да се даде одговор само на едно прашање: од каде се појави вистинската муниција? Некој ставил вистинска муниција во пиштолот и таква муниција воопшто не требаше ниту да има на сетот. Некој е одговорен за тоа што се случи и не можам да кажам кој е, но знам дека не сум јас“ – рече Болдвин.
Тој рече дека го повлекол орозот на пиштолот додека вежбале, но никогаш не го повлекол чкрапалото, па воопшто и не му се верувало дека ја застрелал Халина.
„Си мислев: ’Да не се онесвести?‘ Дури по 45 минути почнав да размислувам дека можеби во пиштолот имало вистинска муниција.
Мислев дека имала срцев удар, затоа што воопшто не ми изгледаше реално дека пиштолот бил наполнет“ – рече тој и додаде дека верува оти ги почитувал сите безбедносни мерки за време на снимањето.
Актерот Џон Снајдер објави видео насловено „Сериозен си Алек“ во кое го критикуваше во целост интервјуто.
Според него настапот на Алек бил со цел да направи да почнеме да го сожалуваме Алек, па тој праша дали треба да почнеме да веруваме дека пиштолот пукнал сам.
„Ова е одличен бизнис во кој работиме. Чест и привилегија е да бидеме дел од него“ – вели тој и додава дека „пропагнадната машина“ преку интервјуто се обидува да ја наметне идејата дека Болдвин е жртва.
Погледнете го видеото на Снајдер:
По интервјуто, покрај оние кои застанаа на неговата страна и сочувствуваа со него, исто така на социјалните мрежи следеа и голем број негативни реакции и коментари.
„Сите што виделе ваков револвер знаат дека не може да пукне без да се повлече чкрапалото“.
Според корисниците на социјалните мрежи, неговата изјава се коси со правилата на физиката, па некои дури и со видеа покажуваат како изгледа истрелување со вистински револвер и зошто сметаат дека тој не бил искрен во интервјуто.
Дополнително, и фотографијата што неговата сопруга Хиларија Болдвин ја објави на Твитер непосредно пред интервјуто исто така наиде на критики.
„Дали се обидува да го претстави како жртва?“
„Со години вежбал за оваа улога, изгледа ја усовршил“.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





