По примерот на родителите кои имаат отворен брак – ќерката на Вил Смит „фатена“ како се бакнува со друго момче

Во јавна врска е со еден, а страсно се бакнува на плажа со друг дечко. Тргнува ли Вилоу Смит по стапките на нејзините родители Вил Смит и Џејда Пинкет кои јавно признаа дека имаат отворен брак?

roditelite-i-imaat-otvoren-brak-a-vilou-smit-saka-vrski-so-povekje-partneri-istovremeno-samo-taka-sum-slobodna-01 (2).jpg

Ќерката на американскиот актер и пејач Вил Смит, Вилоу Смит (21) најверојатно тргнува по стапките на нејзините родители и не верува во моногамија.

За неа се знае дека е во јавна врска со Тајлер Кол (23), но деновиве беше забележана како се бакнува со колегата Де Вејн (26) со кого неодамна ја заврши заедничката турнеја.

Во изминатиот период Вил Смит ги објави своите мемоари, а во нив откри повеќе детали за сопствениот живот, а јавно призна дека со сопругата Џејда Пинкет Смит имаат отворен брак.

roditelite-i-imaat-otvoren-brak-a-vilou-smit-saka-vrski-so-povekje-partneri-istovremeno-samo-taka-sum-slobodna-02.jpg

Прочитајте и Со сопругата имаат отворен брак, израснал со насилен татко – Факти за Вил Смит

Папараците ја уловија Вилоу како се бакнува со колегата Де Вејн на плажа во Мајами.

roditelite-i-imaat-otvoren-brak-a-vilou-smit-saka-vrski-so-povekje-partneri-istovremeno-samo-taka-sum-slobodna-03.jpg

Сепак, не е јасно во каква врска е Вилоу со колегата со кого заедно беа на музичка турнеја, а се знае дека таа е во повеќегодишна врска со Тејлор Кол.

roditelite-i-imaat-otvoren-brak-a-vilou-smit-saka-vrski-so-povekje-partneri-istovremeno-samo-taka-sum-slobodna-06.jpg

Во минатото таа самата призна дека е полиаморна „личност“, односно не верува во моногамија и сака да има врски со повеќе партнери истовремено, па не се исклучува можноста таа да се гледа и со двајцата.

„Кога станува збор за полиаморните врски, чувствувам дека тие ми ја даваат можноста да бидам слободна и да креирам стил на врски што ми одговара и не сакам да бидам во моногамна врска, само затоа што сите велат дека тоа е вистинската работа“ – вели таа.

Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:

roditelite-i-imaat-otvoren-brak-a-vilou-smit-saka-vrski-so-povekje-partneri-istovremeno-samo-taka-sum-slobodna-07.jpg

roditelite-i-imaat-otvoren-brak-a-vilou-smit-saka-vrski-so-povekje-partneri-istovremeno-samo-taka-sum-slobodna-08.jpg

roditelite-i-imaat-otvoren-brak-a-vilou-smit-saka-vrski-so-povekje-partneri-istovremeno-samo-taka-sum-slobodna.09.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мирните“ партнери ги заменија за „лоши момци“ – 10 славни парови кои ја одбележаа 2021 По раскинувањето на 20-годишната врска со Данијела Мартиновиќ, Грашо си најде по...
На 18 години работела во секс-клуб, направила слики со сопствената крв – Што знаеме за новата девојк... На 18 години работела во клуб за секс-фантазии, каде доминирала со непознати маж...
Бритни Спирс, Пинк – Кои познати дами ги запросија нивните партнери? Во 2005 година, Пинк го запроси нејзиниот сопруг Кари Харт на трка, а една годин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg