Австриецот Далаго ја отвори сезоната со освојување на Сент Пол

avstriecot-dalago-ja-otvori-sezonata-so-osvojuvanje-na-sent-pol-1.jpg

СЕНТ ПОЛ, Минесота – Австриецот Марко Далаго успеа од позадина да се протне во водство и да ја отвори новата сезона во Red Bull Crashed Ice со победа во Сент Пол, во еден од најдраматичните финиши досега видени, во кој тој беше четврти по стартот, а тројцата лизгачи пред него паднаа во трката, со општа неверица на енормната публика која го следеше најбрзиот спорт на лизгалки на мазната патека која се спушта од катедралата на Свети Павле.

Американката Аманда Транзо триумфираше во женската трка на патеката која што стана икона за трките од екстремниот спуст на лизгалки во Соединетите Американски Држави.

avstriecot-dalago-ja-otvori-sezonata-so-osvojuvanje-na-sent-pol-2.jpg

Марко Далаго ја освои светската титула во 2014 година, а сега стана првиот Европјанин кој го победи на трка во Red Bull Crashed Ice, откако четири години доминираа Американците и Канаѓаните. Мајкл „Иги“ Јулианело од Америка е втор во трката, преживувајќи судир за да опстане на тоа место, додека светскиот првак од 2015 година, Скот Кроксал, заврши како трет. Бранителот на трофејот, двократниот шампион Камерон Неш, водеше во трката на задоволство на публиката од неговиот роден град, но падна при скокот пред самиот крај на патеката, по што заврши како четврти.

- Имав можност да добијам предност благодарение на тие што направија грешки а беа пред мене, - прокоментира Далаго, кој воедно е и последниот лизгач од Европа што победил во светското првенство на 22 март 2014 година, во трката возена во Квебек Сити.

Изгледаше дека Неш јуриша кон својата деветта победа во кариерата, бидејќи доминираше во претходните четири елиминациски рунди каде што најбрзите двајца обезбедуваат пласман понатаму. Имаше брилијантен старт и во финалето, водејќи пред Кроксал, со целната линија во неговиот видокруг. Сепак, несигурниот доскок и падот значеше дека Кроксал, Јулианело и Далаго го „прелетаа“, а публиката воздивна. За Далаго ова беше веќе виден финиш, бидејќи минатата година од четврто место изби на второ во слична ситуација кога паднаа двајца пред него, а сега успеа да мине тројца конкуренти во последниот свиок.

- Кога видов дека Камерон се лизна помислив дека можам да стигнам до третото место, но потоа и Скот падна, а Мајк влезе тесно во свиокот. Одеднаш, бев прв, - објасни Далаго кој имаше пад на стартот при првиот свиок. - Сите паднаа, па ми се стори дека ова е „дежа ву“. Победата е секогаш добра“.

На задоволство на бројните љубители на овој спорт со брзорастечка популарност во САД, домашната натпреварувачка Аманда Транзо излезе како првопласирана во женската трка, тренирајќи напорно во меѓу сезоната со желба да се етаблира како кандидат за титулата, откако беше второпласирана во претходната сезона (2016/17). Благодарение на молскавичниот старт, Транзо ја совлада актуелната шампионка Жаклин Лежер, минувајќи прва на првиот „лакт“ од патеката со вкупна должина од 340 метри. Потоа, таа не се сврте наназад и стигна до победа во првата од четирите главни трки за оваа сезона, која вкупно брои 10 настани заедно со трките од „Купот на возачите“ во кои се доделуваат само 25% од бодовите. Канаѓанката Лежер исто како и Камерон Неш се надева дека ќе стигне до третата светска титула во низа, но овој пат успеа да ја задржи зад себе Вероника Виндиш од Австрија, која го освои третото место.

- Сето ова е неверојатно. Премногу сум возбудена. Се обидов да останам фокусирана и да излезам напред што е можно порано, а потоа и да останам таму. Сето тоа излезе како што посакував, - рече Транзо по втората победа во кариерата.

Табела (мажи): 1. Марко Далаго (Австрија) 1.290 поени, 2. Мајкл Јулианело (САД) 925 поени, 3. Камерон Неш (САД) 750 поени, 4. Скот Кроксал (Канада) 600 поени, 5. Шејн Рено (Канада) 490 поени, 5. Дерек Веџ (Швајцарија) 490 поени.

Табела (жени): 1. Аманда Транзо (САД) 1.000 поени, 2. Жаклин Лежер (Канада) 800 поени, 3. Вероника Виндиш (Австрија) 600 поени, 4. Миријам Трепание (Канада) 500 поени, 5. Макси Планте (Канада) 450 поени, 6. Анис Моран (Швајцарија) 400 поени.

Би можело да ве интересира:

Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...
Секоја чест! Македонката Катерина Ацевска е европска вицешампионка во џиу-џицу Македонија има убави вести за славење, нашата Катерина Ацевска го освои сребрени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg