Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 29-09-2023


Вознемирувачки видеа: Патник ја отворил вратата среде лет со авион во Кореја –  има повредени

Сите цврсто се држат за седиштата и чекаат конечно авионот да слета... Ова може да се види во видеата што кружат на социјалните мрежи, а на кои се гледа како еден патник во авион одлучил среде лет да ја отвори вратата за итни случаи. Крајно осудувачки, зарем не?

voznemiruvachki-videa-patnik-ja-otvoril-vratata-srede-let-vo-koreja-ima-povredeni-01.jpg

На социјалните мрежи кружат видеа направени од патници во авион на „Asiana Airlines“ во Јужна Кореја на кои се гледа како еден патник ја отворил вратата од авионот среде лет.

voznemiruvachki-videa-patnik-ja-otvoril-vratata-srede-let-vo-koreja-ima-povredeni-03.jpg

Во видеата се гледа како патниците цврсто се држат за своите седишта и чекаат кошмарот да заврши.

Како што пренесува CNN, повикувајќи се на официјални информации, маж кој е во 30-тите години од животот седнал во седиштето за итни случаи и ја отворил вратата кога леталото било на висина од 213 метри над земјата и околу 2 до 3 минути пред да слета во Сеул.

voznemiruvachki-videa-patnik-ja-otvoril-vratata-srede-let-vo-koreja-ima-povredeni-02.jpg

Се знае дека авионот слетал безбедно, а локалната полиција го уапсила човекот кој признал дека ја отворил вратата, но не ги открил причините зошто го направил тоа.

Во авионот имало вкупно 200 лица, од кои 194 биле патници, а вкупно 12 лица претрпеле помали повреди од силниот провев.

voznemiruvachki-videa-patnik-ja-otvoril-vratata-srede-let-vo-koreja-ima-povredeni-04.jpg

Според информациите вкупно 9 патници, по слетувањето веднаш биле пренесени во болница.

Погледнете неколку видеа од патници што се споделуваат на социјалните мрежи:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...
„Пресреќна сум што се омажив за богат маж од Дубаи – не работам ништо, а трошам по 5.000 долари месе... „Девојките во САД го штедат секој долар и чекаат 10 години за прстен, а во Дубаи...
Маж од Уганда има 12 жени и 102 деца: „Не правам веќе деца, им наредив на жените да земаат таблети з... „Штом ќе се оженев со една жена, веднаш барав друга. Како може човек да се задов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg