Заради политички критики, Сара Џесика Паркер ги затвори коментарите на постот со препорака за да го изгледате Медена земја

Актерката напиша објава со која порачува сите да го изгледаат македонскиот филм „Медена земја“, а наместо да сме горди на тоа, таа стана мета на критики со политичките коментари за грешно напишаното име.

zaradi-politichki-kritiki-sara-jessica-parker-gi-zatvori-komentarite-na-postot-so-preporaka-za-da-go-izgledate-medena-zemja-01.jpg

Сара Џесика Паркер објави пост во кој им препорачува на сите да го изгледаат македонскиот филм Honeyland (Медена земја) кој се емитува во Њујорк.

Но, наместо нејзината намера да биде добро сфатена и прифатена, таа стана мета на критики од политички карактер.

„Медена земја – восхитувачка, неверојатна, интимна а сепак епска приказна за пчеларката Хатиџе Муратова. Жена која нема да ја заборавам. Постои добра причина зошто филмот ја добива секоја награда за документарец.

Честитки за режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и ви благодарам што ни овозможивте визуелно патување до малото селце во Република Македонија. Моментално се емитува во Њујорк, чувствувам дека ќе биде номиниран за Оскар!“ - стои во објавата на нејзиниот Инстаграм.

Како што може да претпоставите, она за што беше критикувана е недостатокот на „Северна“ во името, а многумина го занемарија фактот дека нејзината намера е да им препорача на сите да го изгледаат филмот, а не да навлегува во политички конфликти.

zaradi-politichki-kritiki-sara-jessica-parker-gi-zatvori-komentarite-na-postot-so-preporaka-za-da-go-izgledate-medena-zemja-02.JPG

Покрај Грците кои се побунија за нејзината неинформираност за промената на името на нашата земја, многумина тврдат дека во коментарите се наоѓале и Македонци кои ја критикуваат за погрешно напишаното име.

„Името на земјата е променето во Република Северна Македонија/Македонија е грчка/Смени го името во Северна Македонија“ беа дел од коментарите на корисниците кои ја нападнаа актерката, по што таа им се извини за грешката и во објавата додаде „Република Северна Македонија“.

Сепак, очигледно и тоа не било доволно за луѓето да престанат да ја критикуваат и да обрнуваат внимание на нејзината грешка, па актерката беше приморана да ги исклучи коментарите, целосно да го тргне името на нашата земја од нејзината објава и да објасни зошто го направила тоа.

„Има премногу дискусии за овој пост. Поточно, за името на земјата. Мојата цел беше да привлечам што поголем дел публика за оваа неверојатна приказна и документарец. Не заземам политичка позиција бидејќи не сум доволно информирана. Ќе се потрудам да научам повеќе, а се надевам дека вие ќе се потрудите да бидете дел од публиката на Медена земја.“

Па така сега, очигледно за многумина е подобро да не стои ништо за земјата, отколку старото име на земјата, што беше ненамерна грешка на актерката.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сакав да станам инфлуенсерка и заглавив со долг од 14.000 евра - купував скапи работи и одев во мин... Обидувајќи се да живее совршен живот како на Инстаграм, 37-годишна Англичанка пр...
Се разведоа, но и по 28 години сѐ уште живеат заедно – Дали најскандалозната кралска двојка пак ќе с... „Ние сме најсреќниот разведен пар во светот. Ние се разведовме еден со друг, а н...
Џесика Алвес по промената на полот: „Ми се изместија имплантите во задникот, бев во депресија“ Џесика Алвес, трансродова жена која е позната по пластичните операции (за кои че...
Маж ја напушти забавата за откривање на пол откако дозна дека со сопругата ќе добијат ќерка (видео) Маж се соочи со остри критики поради видео од прославата за откривање на полот н...
Маж со церебрална парализа бил „затвореник“ во својот дом: „Сопругата и нејзиниот љубовник не ми дав... „Поминав четири години во кревет, ме хранеа само колку да преживеам“, открива па...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg