„Душо ти грижи се за Џиџи, јас ќе се грижам за Нати, Биби и Коко“- говорот на Ванеса Брајант на комеморацијата за Коби и Џиџи (видео)


„Душо ти грижи се за Џиџи, јас ќе се грижам за Нати, Биби и Коко“- говорот на Ванеса Брајант на комеморацијата за Коби и Џиџи (видео)

На настанот „Celebration of Life“ во чест на прерано починатиот кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка Џиана пред целата сала во Стејплс центарот со солзи во очите се обрати сопругата на Коби, Ванеса Брајант.

dusho-ti-grizi-se-za-gigi-jas-ke-se-grizam-za-nati-bibi-i-koko-01.jpg

Ванеса доби овации од присутните во Стејплс Арената на комеморацијата за Коби и Џиџи Брајант. Сосема разбирливо, таа зборуваше со солзи во очите.

„Џиана Брајант беше невројатно слатка и нежна. Беше многу внимателна. Секогаш ме бакнуваше за добро утро и добра ноќ. Неколкупати кога бев преморена ќе ми се случеше да не забележам  дека ме бакнала за добро утро.

Ќе ѝ пратев порака „Нема бакнеж денес?“, а таа само ќе ми пишеше „Мама, те бакнав, но ти уште спиеше и не сакав да те разбудам. Знаеше колку ми значи ова внимание. Таа беше татина ќерка, но знам колку ја сакаше мама. Ми беше една од најдобрите пријателки. Таа сакаше да ги насмее сите.“

„Не можам да си го замислам животот без неа“ – продолжи трогателниот говор на Ванеса.

„Мама, Наталија, Бјанка, Капри и тато те сакааат многу Џиџи. Ќе ми недостасуваат твоите рачно направени карти, твоите бакнежи и твојата прекрасна насмевка. Ми недостигате секој ден. Ве сакам.“

dusho-ti-grizi-se-za-gigi-jas-ke-se-grizam-za-nati-bibi-i-koko-02.jpg

„А, сега за мојата сродна душа“, продолжи Ванеса, почнувајќи го својот говор за Коби Брајант:

„Најдобриот на сите времиња, писател, оскаровец и Црна Мамба. Но за мене, тој беше КобКоб, моето Бу-Бу, мојот папичуло. Јас бев неговата ВиБи, неговата принцеза, неговата кралица, мајка кралица, Мамба... Не можев да го гледам како славна личност, тој беше мојот сладок сопруг и прекрасниот татко на моите деца. Тој беше мој. Тој беше моето сѐ.“

„Неколку дена пред да почине, Коби ми прати слатка порака и спомна дека сака да поминеме време заедно, само ние двајца, без децата, бидејќи јас сум му и најдобриот пријател. Немавме шанса да го направиме тоа. Бевме презафатени грижејќи се за нашите девојки и со секојдневни обврски. Но благодарна сум што ја имам таа порака. Многу ми значи.“ – сподели Ванеса.

dusho-ti-grizi-se-za-gigi-jas-ke-se-grizam-za-nati-bibi-i-koko-02.jpg-04.jpg

Ванеса сподели многу емотивни и интимни моменти за семејството, а со солзи и растреперен глас го заврши говорот:

„Бог знаеше дека тие не би можеле да живеат еден без друг на Земјава. Мораше да ги земе дома заедно. Душо, ти грижи се за Џиџи. Јас ќе се грижам за Нати, Биби и Коко. Ние сме најдобар тим. Ве сакаме и ни недостасувате, Бу Бу и Џиџи. Почивајте во мир и забавувајте се во рајот додека не се сретнеме еден ден сите. Ве сакаме и ни недостасувате. Засекогаш, Мама.“

Преслушајте го целиот говор овде:

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку чини во Јапонија некој да ве слуша како цимолите 1 час? Ве нервира дождот, студеното време, политиката, воздухот, партнерот, работата......
Ванеса Брајант и ќерките позираат пред мурал од Коби и Џиана (фото) По трагичната смрт на Коби Брајант и ќеркичката Џиџи, на ѕидовите во Лос Анџелес...
Таа имала 14 години, а тој 18 кога станале родители за првпат - сега имаат 21 дете Откако открија дека на 13 години забременила за прв пат, најголемото семејство в...

Спонзорирани линкови: