Словенија прва стави крај на епидемијата од европските земји – нема продолжени финансиски мерки

Словенија е првата европска земја која стави официјално крај на епидемијата со корона вирусот, а со тоа се скратија финансиските мерки, но не и оние за заштита на граѓаните.

slovenija-prva-stavi-kraj-na-epidemijata-vo-evropa-nema-prodolzheni-finansiski-merki-01.jpg

Словенија успеа добро да се справи со епидемијата и покрај тоа што на почетокот зема поголем замав и рашири страв кај граѓаните.

Во последниот период бројот на новозаболени е целосно намален и во последните 14 дена имаат вкупно 35 новодијагностицирани пациенти, а Националниот инситут за јавно здравје укажал дека сите индикатори водат кон намалување на ширењето и е одлучено да се прогласи крај на епидемијата.

Со тоа, финансиските мерки кои важат за помош на граѓаните и компаниите важат до крајот на мај, а потоа се укинати.

Сепак, мерките за заштита од вирусот, како носење маски и одржување дистанца, остануваат да важат, но граѓаните и животот во земјата полека се враќаат во нормала.

slovenija-prva-stavi-kraj-na-epidemijata-vo-evropa-nema-prodolzheni-finansiski-merki-02.jpg

Од оваа недела, јавниот превоз во Словенија почна да функционира, но со ограничен број на патници кои задолжително носат заштитни маски и влегуваат на задната врата за да немаат контакт со возачите.

На влез во продавниците се одржува строг ред со почитување на мерките за заштита и дезинфекција. Градинките почнуваат да работат за оние кои сакаат да ги однесат децата, а училиштата се очекува да се отворат од следната недела, но не за сите генерации.

Карантинот по влегување во земјата е укинат за сите освен за земјите кои не се дел од ЕУ, со исклучоци.

slovenija-prva-stavi-kraj-na-epidemijata-vo-evropa-nema-prodolzheni-finansiski-merki-03.jpg

Инаку, до 14.05.2020, во Словенија се регистрирани вкупно 1.464 случаи со корона вирус, од кои оздравени се 267, а починати 103. Во земјата се направени вкупно 66.678 тестирања.

Според нив, најважните мерки за спречување на ширење на заразата е тестирањето пациенти, изолирање пациенти, наоѓање контакти, задолжителен карантин за блиските контакти, лична хигиена, носење заштитни маски и одржување дистанца.

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Беше само 1 година постара од зетот - Што знаеме за мајката на Меланија Трамп која почина на 78 годи... Мајката на Меланија Трамп почина на возраст од 78 години. Што знаеме за жената к...
„Ја оставив ќерката тинејџер сама и заминав на викенд – ме дочека хорор во домот“ „Ако поканите некого во вашиот дом и нешто се случи, дали е виновен тој што ја н...
Жена ја оставила ќерка ѝ (5) сама во хотел на Мајорка за да се забавува: „Пиеше од утро до мрак, тур... Негрижата на мајка од Ирска ја разбранува јавноста – 45-годишната жена била на о...
„Имам 25 години и во брак сум со 48-годишен маж – ми велат дека е предатор и дека ќе ме остави кога ... 25-годишната Алија е во брак со 48-годишниот Стив. Парот се прослави на ТикТок, ...
Сопружници спијат заедно со ќерките (12 и 6), јавноста ги осуди: „Ова е болно“ „Не постои поголема глупост од тоа децата да спијат во иста соба со родителите. ...
Исповед на мајка: „Ќерка ми јаде малтер, сунѓер или ткаенини – исцрпувачки е 24 часа да внимавам, но... Знаете ли што е Пика синдром и кај кои деца најчесто се јавува? Зошто одеднаш не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg