Чувајте се, следи астролошки ролеркостер: Астероидот Веста во знакот на Рак до 11-ти август

Еден од главните астероиди во астрологијата - Веста, влезе во знакот на Рак и ќе се задржи таму до 11-ти август. Што значи ова?

cuvajte-se-sledi-astroloski-rolerkoster-asteroidot-vesta-vo-znakot-na-rak-do-11-avgust-01.jpg

Во астрологијата, Веста претставува сексуалност, морал, трпение, предност, обврски и животна цел.

Во знакот на Рак се однесува на посветеност на семејството, голема чувствителност, жртвување за други, компромис и преданост.

Најважната лекција која ќе ја научиме овој период е дека иако е нормално да се грижиме за своите блиски, не треба да се жртвуваме себеси и својот живот за време на овој процес.

Треба да очекуваме бројни предизвици и потешкотии со семејството, во домот и во емотивните односи.

Транзитната Веста ќе има влијание и на донесените одлуки на поле љубов кај сите знаци.

Во овој период најважно е да ги анализирате своите емоции. Ако се двоумите за вашите чувства и врска, ќе бидете ставени пред предизвик да мора да бидете искрени.

cuvajte-se-sledi-astroloski-rolerkoster-asteroidot-vesta-vo-znakot-na-rak-do-11-avgust-02.jpg

Како што ќе минуваат деновите, ќе имате огромна потреба да го правите среќен партнерот за сметка на сопствените потреби. На тој начин ќе ги избегнете препреките и кавгите, но во исто време ќе ги криете и своите чувства, а соништата ќе ги ставите „под тепих“.

Иако ова ви изгледа на логичен пристап кон ситуацијата, на долг рок, нема да заврши добро. Кога се обидуваме да ги потиснеме емоциите, ова секогаш завршува негативно за нашето тело.

За да го извлечете најдоброто од овој период, важно е да бидете искрени и да верувате дека постои причина зошто ова ви се случува токму вам. Соочете се со проблемите – доволно беше бегање. 

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја мрази мојата работа, но и мене зошто си ја сакам работата“ – Канадскиот премиер за сопругата од ... „Постојат мигови кога таа ја мрази мојата работа и ме мрази мене што си ја сакам...
Брачен пар, кој не сака деца пред да го прошета светот, е мета на осуда: „Прво сакаме да уживаме во ... „Сакаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во слободата. Не попуштаме под ...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
Исповед на зависничка од солариум: „Продолжив да го користам и откако добив рак, сега болеста ми се ... Кармен од Англија е зависничка од солариум која добила рак на кожата поради чест...
„Првиот секс со мојот 30 години постар сопруг беше застрашувачки, но во бракот со него сум пресреќна... „Навистина бев вознемирена кога јас и Мајкл за првпат спиевме заедно. Ми требаше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg