Сопругата на Ким Џонг Ун се појави во јавност после една година: Која е најмрачната приказна за Ри Сол Џу?

Ри Сол Џу, сопругата на лидерот на Северна Кореја – Ким Џонг Ун, се појави во јавност после цела година. Никој ја немаше видено од јануари 2020-та, а нејзиното „исчезнување“ се поврзуваше со наводна бременост или болест.

soprugata-na-kim-jong-un-se-pojavi-vo-javnost-posle-edna-godina-koja-e-najmracnata-prikazna-za-ri-sol-dju-001.jpg

Некои медиуми дури и се прашуваа дали е сè уште жива.

Синоќа двојката присуствуваше на концерт по повод најголемиот празник во земјата - роденденот на таткото на Ким Џонг Ун, поранешниот лидер кој почина во 2009-та година.

Северна Кореја, тврди дека официјално нема забележано случаи на корона вирусот, па така, на настанот никој не носеше ниту маска, ниту пак се практикуваше социјална дистанца.

soprugata-na-kim-jong-un-se-pojavi-vo-javnost-posle-edna-godina-koja-e-najmracnata-prikazna-za-ri-sol-dju02.jpg

soprugata-na-kim-jong-un-se-pojavi-vo-javnost-posle-edna-godina-koja-e-najmracnata-prikazna-za-ri-sol-dju01.jpg

Последните информации е дека Ри, се дистанцирала од јавноста за да помине повеќе време со децата (се верува дека имаат три деца), но и за да се заштити од вирусот.

Би можело да ви биде интересно и: Чудни фотки кога Ким Џонг Ун се обидува да се однесува нормално

Кои се најмрачните приказни кои се врзуваат за Ри Сол Џу?

Најстрашната приказна веројатно е онаа каде ја нарекуваат „убиец во сенка“.

Британски „Телеграф“ во 2013-та пишуваше дека Ким Џонг Ун донел одлука за погубување на неговиот тетин Џанг Сонг Тек, наводно со благослов на тетка му Ким Кјонг Хуи.

soprugata-na-kim-jong-un-se-pojavi-vo-javnost-posle-edna-godina-koja-e-najmracnata-prikazna-za-ri-sol-dju-05.jpg

Тетинот на севернокорејскиот диктатор е стрелан заради предавство. Веднаш бил отстранет од сите фотографии и наречен „ѓубре“. Иако Ким Џонг Ун оваа одлука пред сè ја донел за да ја демонстрира својата моќ, аналитичарите велат дека конците биле во рацете на две жени – тетката и сопругата на диктаторот.

„Ким Џонг Ун и неговата тетка по секоја цена сакаат да го одржат режимот на династијата Ким. Таа му е советник уште од 2009-та година.“ - изјавил Ли Јун Кјол, шефот на центарот за стратешки информации во Сеул.

Аналитичарите сметаат дека подеднакво важна улога во одлуката за погубување на тетинот имала и неговата сопруга. Ја опишуваат како ладнокрвна, а наводно таа стои и зад погубувањето на љубовницата на Ким – Хјон Сонг Вол.

Една од теориите е дека токму тетката на Ким е онаа која ги запознала. Секако, ова се непотврдени теории.

Прочитајте уште неколку интересни факти за Ри Сол Џу: Како е да се биде сопруга на севернокорејскиот диктатор Ким Џонг Ун - Факти за Ри Сол Џу

Е. П. | Црнобело / фото: Reuters

Би можело да ве интересира:

Маж од Јужна Кореја бил инженер, па си дал отказ за да патува низ светот и никогаш не се покајал (фо... „Од 2018-та година живеам во куфери. Тоа беше навистина луда одлука, но овој жив...
Маж со церебрална парализа бил „затвореник“ во својот дом: „Сопругата и нејзиниот љубовник не ми дав... „Поминав четири години во кревет, ме хранеа само колку да преживеам“, открива па...
„Ја мрази мојата работа, но и мене зошто си ја сакам работата“ – Канадскиот премиер за сопругата од ... „Постојат мигови кога таа ја мрази мојата работа и ме мрази мене што си ја сакам...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
Исповед на зависничка од солариум: „Продолжив да го користам и откако добив рак, сега болеста ми се ... Кармен од Англија е зависничка од солариум која добила рак на кожата поради чест...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg