Како последната иранска царица, која на ниту една фотографија не носи хиџаб, беше прогонета од земјата?
- Детали
- понеделник, 12 декември 2022
По исламската револуција, жените во Иран загубиле најголем дел од своите права, а иранската царица побегнала во САД и денес живее на релација САД - Франција. Важела за една од најмодерните жени на Блискиот Исток, а многумина сметаат дека таа била последната шанса за жените да добијат еднакви права.
Изминатиот период во Иран имаше масовни протести во кои жените се бореа за сопствените права, а тоа од друга страна пак повлекува и да погледнеме на историјата на земјата и да сфатиме дека нештата не биле отсекогаш такви какви што се денес.
Во Иран владеат строгите закони на Шеријатот каде жените речиси и да немаат никакви права, а според строгите кодекси на облекување тие задолжително мора да носат хиџаб во јавност.
Фото: Reuters
По убиствата што се случија годинава кога една девојка беше брутално претепана од полицијата во Иран затоа што не го носела правилно хиџабот, а друга беше убиена од залутани куршуми откако претходно ја фати косата во опавче, целото светско внимание беше свртено кон случувањата во таа земја.
Сепак, треба да се напомене дека законите во Иран не биле отсекогаш такви.
Впрочем последната иранска царица Фара Пахлави (83) важела за Џеки Кенеди на Блискиот Исток, а на ниту една фотографија таа не носи хиџаб.
Повеќе интересни факти за последната иранска царица, која сакала да ги менува законите:
Според многумина Фара, била последната надеж за демократија во земјата, пред револуцијата од 1979-та година, кога по промената на власта жените ќе загубат најголем дел од своите права.
Фара Пахлави била сопруга на последниот ирански шах, а е родена во Техеран во 1938-ма година како ќерка на воен офицер.
Таа потекнува од семејство од повисоките редови во општеството во Иран, а повеќе членови во нејзиното семејство биле колекционери на уметнички дела. Се образувала во италијански и француски училишта и живеела релативно луксузен живот.
Нејзиниот татко починал кога таа имала само 8 години и таа трагедија мошне ја погодила.