Неодговорни навики со кои му наштетувате на мобилниот телефон

Во денешно време мобилните телефони се неизоставен дел од нашите животи, а во голема мерка и ни го олеснуваат секојдневието.

neodgovorni-naviki-so-koi-mu-nashtetuvate-na-mobilniot-telefon-01.jpg

Но, за да ни служат максимално, важно е да се грижиме соодветно за нив. Сепак, колку и да мислите дека внимавате на вашиот телефон, многу е веројатно дека барем една навика која ја имате е сосема погрешна.

Погледнете со кои навики му наштетувате на телефонот свесно или несвесно:

Mислите дека малку влага нема да наштети

Вашиот мобилен уред треба да биде што подалеку од вода, дури и ако е водоотпорен. Доколку се случи да падне во вода или некако да го натопите со течност, најпрво извадете ја батеријата, сим-картичката и мемориските картички.

Исушете ги веднаш со хартиено марамче. Исто така, не треба да ги внесувате мобилните телефони во простории со висока влажност, како што се бањи, спа-центри и сауни.

Не внимавате каде го ставате телефонот

Кога го оставате на места каде не е фиксиран, ризикувате телефонот да ви падне или да се удира од блиските површини, како чанта или други места натрупани со други работи. На тој начин, иако ударите се мали, може да се оштети мобилниот телефон.

Ја празните батеријата целосно пред да го наполните

Ова правило важеше за старите телефони и батерии. Новите модели дозволуваат да се полни батеријата кога е на уште околу 20%. Исто така, не им штети и ако останат подолго на полнач, поради тоа што батеријата престанува да се полни веднаш штом ќе достигне 100% наполнетост.

neodgovorni-naviki-so-koi-mu-nashtetuvate-na-mobilniot-telefon-02.jpg

Универзални полначи и батерии

Оригиналните полначи и батерии го имаат соодветниот капацитет што му е потребен на телефонот. Сè друго може да го скрати животниот век на уредот, па затоа не го користете секој полнач кој се совпаѓа со отворот на телефонот.

Маска во текот на полнењето

Нормално е телефонот да се загрее додека се полни, но доколку тоа го правите со маска на него, тој нема да може да се лади. Маската, од кој било материјал, ја задржува топлината и тоа може да го оштети мобилниот телефон.

neodgovorni-naviki-so-koi-mu-nashtetuvate-na-mobilniot-telefon-03.jpg

Директна изложеност на сонце и топлина

Високите температури и директната изложеност на мобилниот телефон на сонце се непријател број 1 на екранот и батеријата. Екранот може да се оштети и да се изгубат боите и контрастот, а батеријата може трајно да се уништи. Ова најмногу важи за кога седите во кафулиња и го оставате на маса или пак додека сте на плажа. 

Не го чистите редовно

На мобилниот телефон се насобираат многу бактерии поради честото допирање со раце и чување во чантата, која не е најчисто место на светот. Затоа, добро е да користите марамчиња за таа намена, кои чистат и дезинфицираат.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg