Flying-V: Револуционерен нов дизајн на комерцијалните авиони

Како што се зголемува заканата од климатските промени, компаниите ширум светот се обидуваат да најдат начин да ја намалат нивната емисија на јаглерод. Една од компаниите кои најмногу се истакнале со своите идеи е од авионскиот сектор.

 flying-v-revolucioneren-nov-dizajn-na-komercijalnite-avioni-01.jpg

Новиот авион познат како Flying-V, кој е инспириран од истоимената гитара од Gibson, троши 20% помалку гориво дури и од најефикасниот авион.

Уште подобро е што не мора да чекаме долго, бидејќи прототипот на моделот ќе го има првиот лет подоцна оваа година.

Концептот бил развиен од истражувачите на Технолошкиот универзитет Делфт во Холандија, а проектот е финансиран од KLM. Доколку сè оди по планот, наскоро ќе ги гледаме овие авиони на небото.

 flying-v-revolucioneren-nov-dizajn-na-komercijalnite-avioni-02.jpg

Иако распонот на крилја е ист како и кај обичниот авион, кај овој модел патниците се сместени во крилјата. Ова значи дека авионот ќе собере и до 314 луѓе, во простор кој обично е оставен празен.

Токму овде се крие ефикасноста за трошење на гориво.

flying-v-revolucioneren-nov-dizajn-na-komercijalnite-avioni-03.jpg

Според Питер Елбрес, извршниот директор на KLM, со намалувањето на емисијата на јаглерод од авионите и намаленото трошење на гориво, овој проект има потенцијал да биде пионер во „одржливата авијација“.

Но, што е со внатрешноста на леталото? Иако ни се познати малку детали, Питер Винк, инженер кој работи на проектот, споделил неколку информации:

„Новата форма на леталото значи дека имаме возбудливи можности за дизајнирање на ентериерот, правејќи го летот поудобен за патниците.

На пример, како дел од истражувањето, бараме нови опции за одмор или јадење на авионот. Служење храна од бифе е една од опциите што ги разгледуваме.“

flying-v-revolucioneren-nov-dizajn-na-komercijalnite-avioni-04.jpg

Во октомври оваа година ќе биде тестиран моделот на Flying-V со цел да се открие дали леталото ќе ја одржи стабилноста кога лета со помала брзина.

flying-v-revolucioneren-nov-dizajn-na-komercijalnite-avioni-05.jpg

Доколку ова тестирање е успешно, ќе следат уште неколку тестови, по кои леталото ќе почне да се употребува и во комерцијалните летови.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg