Повеќе мегапиксели значи подобра камера и уште 4 најчести заблуди за технолошките уреди

Иако повеќето луѓе секојдневно користат мобилни телефони и компјутери, многумина сè уште веруваат во некои заблуди во врска со нивното функционирање. 

Poveke megapikseli znaci podobra kamera Ova se pette najcesti zabludi za tehnoloskite uredi 01

Кога некоја погрешна информација се повторува постојано, никој не ја проверува автентичноста на истата, а луѓето почнуваат да ја шират како таква.

Така беа создадени многу митови за технологијата, популарни меѓу широките маси.

Ова се петте најчести заблуди за технолошките уреди во кои веројатно верувате и вие:

1.Треба да почекате да се испразни батеријата на телефонот пред да ја наполните

Овој популарен мит го слушнавме уште од самите почетоци на индустријата на мобилните телефони. Одговорот е денес ист како и тогаш.

Од гледна точка на траење на батеријата на вашиот уред, сосема е ирелевантно дали ќе го наполните кога е целосно празна батеријата или кога е речиси полна.

2. „Mac“ компјутерите не можат да добијат вирус

Можеби е точно дека оперативниот систем на Apple е побезбеден од Windows, но тоа не значи дека е невозможно вирусите да се појавуваат на вашиот Mac.

Poveke megapikseli znaci podobra kamera Ova se pette najcesti zabludi za tehnoloskite uredi 02

3. Фејсбук ги слуша вашите разговори преку микрофонот на вашиот мобилен телефон

Многу луѓе веруваат дека Фејсбук ги слуша разговорите со цел да одбере реклами кои ќе ви ги прикажат на нивната апликација.

Лидерите на компанијата експлицитно го негираа ова обвинение во неколку наврати. Тие објаснуваат дека рекламите ги одразуваат интересите што корисниците доброволно ги откриваат на својот профил преку нивното онлајн однесување.

4. Повеќе мегапиксели значи подобра камера

Мегапикселите се само една варијабла што го одредува квалитетот на камерата на вашиот уред. Подеднакво се важни сензорот и објективот. Не им верувајте на продавачите кои се обидуваат да ве убедат дека мегапикселите се клучни.

Poveke megapikseli znaci podobra kamera Ova se pette najcesti zabludi za tehnoloskite uredi 03

5. Магнетите можат да ги избришат вашите податоци ако ги ставите блиску до вашиот уред

Ова е теоретски точно, но би било потребно да имате многу голем магнет за да исчезнат податоците од тврдиот диск на вашиот компјутер.

Вообичаените магнети што ги имате во куќата, како што е магнет за на фрижидер, се сосема безопасни кога станува збор за вашиот хардвер.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg