Буква Ј - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Term Main definition
Јаболко


Ако берете: радост, деловен успех; ако собирате ќе имате добра работа; ако видите на дрво: ќе ви се прошири кругот на пријатели, ќе добиете пријатни вести; скапано: голема штета, несреќа; стебло без плод: болест; расцветано стебло: среќа, радост.

Јавање

Ако видите коњ во сонот значи дека ве очекува период на благосостојба, мир и успех.

Јавна куќа

Ако видите јавна куќа во сонот предупредува дека ќе доживеете срам, понижување.

Јагне

Ако заколете: вообразени сте; ако видите: краткотрајно задоволство, радост; ако најдете: ќе добиете чесен брачен сопатник.

Јагоди

Ако јадете: расправија во домот, солзи; ако берете – видите: полесна болест, грижи, жалост.

Јагула

Ако видите јагула: расправија, парница; ако фатите: поволни вести, финансиска добивка.

Јадење

Ако јадете сами во сон означува здравје, ако јадете во друштво симболизира свадба, веселба, богатство, топло (врело јадење значи исплата на плата на јаве).

Јадење месо

Свежо: болест, смрт; подготвено: среќа, корист; топло: ќе се досадуваш.

Јадете нешто кисело

Јадењето или пиењето нешто кисело во сон значи непријатна посета.

Јаже

Јажето на сон симболизира дека ќе имате големи грижи на јаве, внимателно изберете го патот по кој одите.

Јазик

Ако се гризнете за јазик во сон предупредува на смртен случај.

Јазовец

Ако видите јазовец на сон значи дека ќе имате голема добивка, наследство.

Јазол

Ако врзувате јазол на сон тоа предупредува на неприлика, жажлост; ако одврзувате јазол симболизира благосостојба, добивка на јаве.

Јајца

Ако јадете: веридба, среќа во љубовта, долг живот; ако вадите од гнездо: венчање со вдовец/вдовица; ако скршите: трачарење, озборување, непријатности; ако купувате: благосостојба во домот; ако бојадисувате: пречки на работа; расипано: болест, лутина.

Јама

Ако копате: ќе западнете во долгови: расправија, болест, ако видите: ви се заканува несреќа; длабока: болест; плитка: загуба на имот.

Јарбол на брод

Јарбол на бродот значи дека ќе имате среќен брак, добар секс, а скршен предупредува на расправии во бракот или во врската.

Јарец

Ако пасе: ќе сретнете противник; ако ве брка: расправија со претпоставена личност, срамота.

Јасли

Ако видите полни јасли во сон симболизира добивка, пријатни часови, додека празни значи дека некој ќе ви остане должен, големи потешкотии.

Јастреб

Предупредува на „пријател“ кој ве лаже, краде, загуба.

Јато птици

Побрзајте со започнатата работа. 

Јахта

Ако ја видите во сон значи дека ќе формирате корисно познанство.

Јорган

Ако видите јорган во сонот значи болест, смрт, неостварени желби.

Јоргован

Ако сонувате јоргован значи дека љубовта ви е на дофат на рацете, радост.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg