Буква А - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Term Main definition
Абажур


Успех во задачите или во работата – ненадејно успешно деловно патување. Ако сонувате паднат абажур: неисплатлива работа.

Абдицирање

Ваш пријател ќе ве изневери.

Абнормалност

Престанок на грижи.

Абортус

Ако сонувате дека се врши врз вас или врз некоја друга личност: грижи, озборувања, љубомора, страв.

Аван

Заљубени сте во погрешна личност.

Аванс

Ако дадете аванс во сонот предупредува да не се изложувате на ризик на јаве.

Авантура

Ви се заканува некоја опасност, промена на средина.

Август

На лето: успех/ На зима: неочекувано патување.

Аверзија

Измама или лага во семејството.

Авијатичар

Успех во друштво.

Авион

Ако сонувате дека летате со авион: ризикот ќе ви се исплати.

Авокадо

Активен љубовен живот.

Автобус

Ако сонувате автобус: не очекувајте награда без големо залагање.

Автобуска станица

Ако видите автобуска станица тоа значи дека ќе имате неочекувана посета, ако се наоѓате на станица во сон тоа значи дека ве очекува патување на јаве.

Автомобил

Ако се возите: унапредување, успех. Ако го видите: ќе чуете значајни вести.

Агент

Ако зборувате со агент – пријатна промена на вашата средина. Ако видите агент – грижи.

Адам и Ева

Ако ги сонувате - голема радост. Ако зборувате со нив - сè уште нема да ви се исполни некоја голема желба. Ако ја видите само Ева - зли луѓе ви посакуваат срамота и зло.

Адвокат

Ако видите адвокат – грижи, финансиски трошоци, непријатности. Ако сте адвокат – некој се меша во вашите планови.

Адреса

Ако изгубите или барате на сон, ако видите или пишувате адреса, читате адреса: ќе имате гости. Ако пронајдете на сон: подарок.

Аеродром

Ако гледате аеродром – далечно патување. Ако сте на аеродром – ќе пронајдете мир и среќа.

Аждаја

Загрижени сте поради грешки на работа.

Азбука

Ако сонувате азбука - ќе слушнете добри вести. Ако сонувате букви на странски јазик - ќе откриете некоја тајна. Ако на сон учите азбука – ќе ја промените вашата професија или хоби. Ако читате азбука – нови знаења.

Азија

Ве очекуваат романтични моменти.

Ајвар

Ако јадете на сон или видете: желбата нема да ви се исполни. Ако приготвувате: трудот ќе ви биде залуден.

Ајкула

Ако видите ајкула генерално – ве очекува опасност, кавга, болест.  Ајкула во вода – ќе се скарате со некој што ви значи. Ако бегате од ајкула – наскоро ќе се смирите со некого. Ако видите ајкула на суво – ќе биде сè онака како што сте испланирале.

Академија

Пријатни искуства со нови пријатели.

Аквариум

Полн со риби – непријатнсти, грижи, љубовни кавги. Празен – се грижите за нешто без причина.

Аквариум

Полн со риби – непријатности, љубовни кавги. Празен – се грижите за нешто без причина.

Акни

Ако имате акни на сон: нездрава исхрана. Ако други луѓе имаат акни – се мешате во туѓи животи. Ако чепкате акни: потребна ви е помош.

Ако брзате во сон

Ако сонувате дека брзате значи дека вашата совест е немирна.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg