Буква Б - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com - Results from #60

Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Term Main definition
Бибер


Вредноста и упорноста водат кон успех, среќа во љубовта; купување: лутина; Во зрно: неуспех на работа, озборувања.

Библија

Непријатна вистина за вас што другите ви ја премолчуваа: веселба, радост во куќата;

Библиотека

Средена: повеќекратно ќе ви се исплати трудот.

Бившата девојка

Ако ја сонувате поранешната девојка во позитивен контекст без романтични конотации тоа значи дека сте ја надминале врската или пак сте подготвени да ја надминете.

Бизнис

Сонувањето бизнис значи дека ви претстои тешко време, борба против конкуренцијата.

Бик

Ќе се случи нешто значајно.

Билијард

Играње: ве очекува успех во работата; Гледање како други играат: голем напредок.

Билки

Собирање, берење: страв, болест, грижи; На ливада: оправдано сте спокојни.

Бисер

Добивање на подарок: ненадејна добивка, радост. Губење: лоши вести.

Бифтек

Јадете: зголемување на приходот; Подготвите или послужите: зголемена социјална активност.

Благајник

Да се биде: пријателите ја искористуваат твојата добрина.

Блед (Бледско Езеро)

Кога го сонувате езерото Блед во Словенија, тоа значи дека копнеете за патувања и одмор.

Блед човек

Ако сте бледи во сон значи дека ќе се разболите.

Блесок

Успех и промени кон подобро во животот. 

Близнаци

Ви се закануваат искушенија и неволји, кавги со долготрајни последици.

Блудничење

Правење: добро здравје; Гледање: ќе доживеете понижување или срам.

Бобинки

Берење: финансиски успех после големи напори.

Богат

Да се биде богат во сон значи да избегнуваш ризик, болест.

Богатство

Доколку сонувате дека сте опкружени со богатство, тоа укажува на вашата потреба да бидете нешто што не сте.

Божиќ

Благосостојба во куќата, голема радост и вредни подароци.

Бои за боење

Купување бои: нешто се одлучува во врска со тебе

Бојно поле

Во сон, гледањето бојно поле предупредува на тага, грижи, кавги.

Бокал

Добри вести, подарок; полн: опкружени сте со добри пријатели; пиење од него: среќа и добро здравје; скршен: некој позитивно влијае на вас, нова љубовна романса.

Болви

Опкружени сте со злоба, можна измама; убивање: ќе го победите непријателот, младите те поткраднуваат, грижи; барање: кавга во домот, озборувања; да скокаат: ќе добиете лажни гласови.

Болен човек

Посета: ќе ти се исполни желба, добивка, награда; ако те посетат кога си болен: ќе добиеш голема награда или признание.

Болка

Те чека радост, ќе бидеш спасен од беда, помирување со драга личност.

Болки во нозете

Болките во нозете во сон значат дека ви недостига возбуда во животот.

Болки во стомакот

Ваквите соништа симболизираат грижа на совеста затоа што не обрнувате доволно внимание на своето здравје.

Болница

Доаѓање во болница: ќе се ослободиш од товар; гледање болница: те чека подобар живот; излегување од неа: опасноста ќе те одмине; полна со болни: многу луѓе ќе дознаат за вашиот успех.

Болничар

Непријатни вести, болест во семејството, некој ве мести, а вие немате поим кој.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg